1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кремљ:Законот за хомосексуалноста не е пречка за Олимпијадата

Негодувањето поради новиот закон за хомосексуалноста во Русија предизвика бура и во спортските кругови. Дали тој ќе има влијание и врз ЗОИ 2014 во Сочи? Не, уверува Кремљ.

Министерот за спорт на Русија Витали Мутко вложи напори да ги намали грижите и негодувањата во спортските кругови, поради сомневањето за можна дискриминација за време на Зимските олимписки игри идната година, поради новиот закон за хомосексуалноста во Русија. „Ве молам да ја зачуваме присебноста“, замоли министерот вчера, два дена пред почетокот на Светското првенство во атлетика во Москва. Ниту на ова СП, ниту на Олмпијадата во Сочи во февруари нема да има отежнувачки околности. „Сите права и интереси ќе бидат зачувани, но мораат да се почитуваат и законите на една земја“, рече Мутко.

Новиот закон забранува хомосексуална пропаганда во Русија и е во сила од 30 јуни. „Тој не им забранува на луѓето да живеат според сопствените сексуални склоности, туку јавно да се залагаат за хомосексуалноста“, појасни Мутко.

Исто така и Ламин Диак, претседател на Светскиот атлетски сојуз (IAAF) и член на Меѓународниот олимписки комитет (IOC), не очекува ограничувања поради овој руски закон. „Јас немам чувство, дека тоа е проблем. Секој може да ја зачува својата приватна сфера. Јас не сум вознемирен“, изјави тој на прес-конференција во Москва.

Исто така и по прашањето на безбедноста не треба да има загриженост кај околу 2.000 учесници на првенството кое ќе трае до 18 август како и кај гледачите. „Ние ги зајакнавме безбедносните мерки. Москва е безбеден и отворен град“, рече Мутко.