1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кредитната криза во САД ги потресува глобалните финансиски пазари

Леман Брадрс четвртата по големина инвестициона банка на САД е инсолвентна. Мерил Линч, банка број три во Америка е продадена преку ноќ. Драматичен развој на американската финансиска берза.

default

Њујорк

Минатиот петок во 18 часот по локално време, во Њујорк се собра американската финансиска елита. Тим Гајтнер шефот на Њујоршката емисиона банка ги собра првите луѓе на големите банки. Во саботата средбата продолжи. Неделата во осум часот најмоќните мажи од Вол стрит повторно се сретнаа. Во 12 часот ги послужија со лепчиња и супа, по што беше јасно: Седницата ќе биде долга. А резултатот: Не е најден купувач за Леман Брадрс. Половина година по колапсот на Беар Стирнс пропадна и четвртата по големина инвестициона банка.

Инсолвентност по 158 години

Вчера вечер наплив на луѓе се упатија кон главното седиште на Леман. Соработниците почнаа да ги собираат своите цвеќиња од канцелариите, сопствениот материјал и сликите ги однесоа дома. За нив поглaвјето Леман е завршено „Никогаш не би помислил дека може тоа да се случи.“вели еден трговец со акции.

Lehman Brothers

Леман Брадрс не најде купувач

Леман е институција која е стара 158 години. Претпријатието ја преживеа големата економска рецесија во 20 години на минатиот век. Сегашната криза не.

Џерамај Стафорд, кој исто така вчера мораше да ги собере своите работи, се обидува да гледа позитивно „Беше убаво последен пат да се сретнат колегите. Кој знае како ќе оди понатаму.“ На прашањето дали не е фрустриран тој одоговара „Јасно, помалку сето ова е нефер, што Берас Стирнс се продаде за 10 долари по акција, Мерил Линч беше преземена за 29 долари, а Леман не доби ништо.“

Банк оф Америка ја купи Мерил Линч

Исто така во неделата беше објавена и веста дека Банк оф Америка ќе ја проголта третата по големина инвестициона банка Мерил Линч. Куповната цена 44 милијарди долари. За акционерите на Мерил според првите проценки ова значи премија од околу 70 проценти. Но оваа зеделка значи дека веќе нема да постои банката Мерил Линч како посебно претпријатие. Со ова од Биг фајф, петте традиционални големи брокери на Вол стрит, остануваат само две. Голдман Саш и Морган Стенли, барем засега.

Најголемата осигурителна компанија во светот во криза

Исто и осигурителната компанија Американ интернешнл груп, до неодамна најмоќниот концерн во оваа бранша во светот падна во вителот на хипотеките и кредитната криза. Менаџментот на фирмата побара од емисионата банка финансиска помош. Акциите на фирмата минатата недела паднаа за 50 проценти.

Кој уште може да биде погоден? Какви испреплетувања постојат со европските исто и германските банки и финансиски институти? Ова се прашања кои треба да се одговорат наредните денови. Но уште сега се знае: темелите на Вол стрит се понишани. Алчност, гордоста, несреќниот сплет на околности и недостаток на контрола го втурнаа финансискиот свет во најголемата криза по големата економска рецезија.