1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кредити за португалските претприемачи

Малите и средни претпријатија во Португалија не можат да добијат кредити од домашните банки, па околу 100.000 работни места се загрозени. Помош доаѓа од германската Банка за обнова - КфВ.

Фернандо Мануел Мартинс е шеф, но мора и самиот да запне. Претпријатието, што тој го презеде од татко му, постои веќе 40 години и со 15 вработени произведува мебел. Струјата е скапа, за металните делови плаќа сѐ повеќе, токму како и за гориво. Многу мали и средни претпријатија веќе одамна се предадоа. Мартинс одвај се одржува.

„Ние одвај излегуваме на крај, сѐ е толку скапо. Морам да ги плаќам моите работници, а во моментов немаме големи нарачки“, вели сопственикот на мала фабрика за мебел.

Дефектите на машините се обидуваат, колку што можат, сами да ги поправат. Лошо е кога некоја целосно ќе откаже. Оти, пари од банка практично веќе нема.

„Банките не сакаат да влегуваат во никаков ризик. Не ни даваат кредити, оти ние не можеме да понудиме никакви гаранции“, вели Мартинс.

Не е засегнато само неговото претпријатие. Ова ѝ нанесува штета на целата земја. Оти, 100 илјади луѓе ќе останат без работа ако пропаднат средни и мали претпријатија затоа што не можат да добијат кредити од банките. Помош треба да дојде од германската Банка за обнова - КфВ. Таа ја советува португалската влада како да ги поддржи претприемачите, според германски пример.

Symbolbild Geschäftsmann

На претприемачите им се потребни пари за да ги задржат работните места

„Поставена цел е да се создаде државна институција, која преку португалскиот банкарски сектор ќе дели кредити за помали и средни претпријатија под поволни услови“, вели Кристијан Кремер од раководството на банката КфВ.

Тоа би му помогнало и на Мартинс да се извлече од тешката ситуација - тој би можел да реализира повеќе идеи, други производи, за нови муштерии. Тој веќе не може да го продаде својот мебел, во земјата веќе нема пари.

„Во Франција сега имаме неколку муштерии, малку, но сепак се развива и таму лиферуваме по нарачка“, вели Мартинс.

Прозорците добро се продаваат, оти тој е принуден да биде поевтин од другите. Така придобива купувачи. Мартенс планира наскоро да продава и во Германија. Испораката за Франција е веќе готова.