1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кредитите на Светска банка привлечни за македонските општини

За изградба на инфраструктура, македонските општини досега немаат земено кредити од странство. Сега неколку од нив се имаат обратено до Светската банка во надеж дека ќе добијат пари за финансирање на капиталните проекти.

default

Најголем дел од десетте македонски општини за кредит се обратиле кај Светската банка поради, како што велат поволната каматна стапка. Општините во моментов имаат поднесено барање до Министерството за финансии на Македонија за добивање на согласност за задолжување.

Општина Струмица бара кредит за гасификација

Општина Струмица од Светската банка бара кредит за гасификација на Струмица од гасоводот кој поминува покрај бугарскиот град Петрич оддалечен на 54 километри. Кредитот вреден 2,8 милиони евра плус еден милион евра од буџетот на општината ќе се искористи за самата опрема, транспорт на гас и изградба на примарна гасоводна мрежа. Во првата фаза со гас ќе се снабдат

Strumica, Mazedonien

Струмица

стопанските субјекти, потоа јавните институции и на крај домаќинствата и струмичките оранжерии. Со користење поевтин енергенс ќе се намалат трошоците за досегашните скапи горива, ќе се заштити и животната средина и воедно ќе се зголеми конкурентноста на пазарот, потенцира Зоран Заев градоначалник на Општина Стримица „со замена на гасот во нивните производствени погони ќе се направат огромни заштеди, така да одредени фабрики ќе стигнат со заштеди од еден милион евра, други со 300 илјади евра, државните институции само на греење на годишно ниво ќе заштедат 700 илјади евра, а Општина Струмица со сите свои локални институции ќе заштеди околу 350 илјади евра“.

Општина Струмица планира овој проект да се имплементира до крајот на годинава, а со него воедно да се привлечат и нови домашни и странски инвеститори. За враќање на кредитот за 8 години со 3 години грејс период градоначалникот Заев, појаснува дека ќе биде од самата цена на чинење на гасот.

Општина Велес бара кредити за економични светилки и проширување на водоводот

Општина Велес исто така аплицира до Светската банка за кредит во висина од околу еден милион и сто илјади евра за два проекта. Првиот е замена на постоечките светилки од јавното осветлување со нови економични. Вториот е изградба на водоводен крак за поврзување на неколку населени места во околината на Велес со градскиот водовод како и со сателитската населбата, туристичките и

Platz in Veles, Mazedonien

Велес

други објекти кои ќе бидат изградени крај Велешкото езеро. „Со самата разлика во цената на чинење на струјата со економичните светилки првата инвестиција ќе се врати за четириипол години“, појаснува градоначалникот Горан Петров. За вториот проект за изградба на нов крак од градскиот водовод до Велешкото езеро Петров подвлекува: „Пресметките кажуват дека само доколку се продаде 20 до 30 проценти од предвиденото градежно земјиште кај Велешкото езеро, парите ќе се вратат во градскиот буџет“.

Општина Гостивар бара кредити за подобрување на водоводните и канализационите мрежи

Општина Гостивар исто така пресметала дека со годишна каматна стапка од 1,3 отсто Светската банка е најповолна за кредитирање. Таа од неа побарува околу еден милион евра за подобрување на инфраструктурата во градот, појаснува Ширет Елези од одделението за финансии.

Frankfurter Abwasserkanal

Средства за подобрување на канализационите мрежи

Средствата ќе бидат искористени за водоснабдување, канализациони мрежи и основни средства за одржување на хигиената во градот. Бенифитот е повеќекратен појаснува Елези „мислам дека со тоа може да се генерираат приходи и да се носат заштеди во трошоците на општината, а од друга страна градот ќе биде еколошки чист со намалени непријатни миризби и со навремено и ефикасно отстранување на отпадот и ќе биде попривлечен за домашните и странски инвеститори“. Враќање на кредитот според Елези ќе биде од основниот буџет на општината.

Досега ниту една македонска општина нема земено кредит од странство за изградба на инфраструктура. Со сегашната апликации има шанси годинава за првпат тоа да го добијат десетина македонски општини. Според законот за финансирање на општините од 2004 година освен со земање на кредити, тие можат да се финансираат и преку издавање обврзници или преку јавно –приватно партнерство. Македонските општини досега немаат искористено ниту еден од овие начини на финансирање, а што веќе успешно го реализираат земјите од поблискиот регион како Србија, Црна Гора и Хрватска.

Автор: Антоанела Димитриевска

Редактор: Александра Трајковска