1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кревко примирје на Блискиот Исток

Ситуацијата во Газа е многу нестабилна и нарушувањата на прекинот на огнот од Израел, како и други негови незаконски акции, можат да доведат до тензии, се пожалија Палестинците во писмо до Советот за безбедност на ОН.

Во писмото доставено од Ријад Мансур, палестински претставник во Светската организација, се наведува дека вчера израелските сили убиле со истрел во главата 21-годишно момче и во пограничен регион раниле 19 палестински цивили. Во петокот уште еден млад Палестинец почина откако „вдишал смртоносен гас“ за време на поправка на тунел оштетен од израелските воздухопловни сили. Ваквата формулација за смртта на момчето ја даде министерот за здравство од редовите на Хамас.

Во писмото до ОН Израел е обвинет дека во изминатите денови користи „исклучително голема и смртоносна сила“ против палестинското население на Западниот брег и источен Ерусалим. Се укажува дека од почетокот на најновиот конфликт во Газа, израелските сили уапсиле 230 Палестинци.

An Israeli soldier points his gun at Palestinians who reached the fence between Israel and southern Gaza Strip November 23, 2012. Hamas Islamists enforced a fragile two-day-old truce on Friday by evacuating Palestinians from a no-go border zone after Israel shot dead a Gaza resident there in the first fatality since the ceasefire. REUTERS/ Ibraheem Abu Mustafa (GAZA - Tags: POLITICS CIVIL UNREST)

Израелската војска пукала оти Палестинците сакале да ја срушат граничната ограда

Израелската армија потврди дека само вчера уапсила 28 сомнителни милитанти од Западниот брег, меѓу кои имало и членови на Хамас. Уапсените се обиделе да нападнат полициска станица и да ослободат приведена жена, која се обидела да избоде граничар.

Израелската армија исто така информираше дека нејзините трупи биле принудени да испукаат предупредувачки истрели откако стотици Палестинци се обиделе да ја срушат граничната ограда.

Сепак, прекинот на огнот генерално се почитува, иако од страна на Газа беа испукани одреден број на ракети кон Израел, а премиерот Бенјамин Нетанјаху се закани дека ќе ја обнови фанзивата ако тој не се почитува.