1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Кревка надеж за босанска пролет

Протестите во БиХ имаат социјална позадина. Политичките елити запловија во националистички води за да се одржат на власт. На државата и’ треба помош од надвор, оценува во коментарот на оваа тема Бенјамин Парган.

Корумпирани и некомпетентни политичари, огромна невработеност, сиромаштија, лошо раководење со економијата, политички ќорсокак. Партии кои државата и нејзините граѓани бесрамно ги изземаат. Надуена и неефикасна државна бирократија. Непотизам во најлоша форма. Притоа, кај граѓаните постои бесперспективност, гнев и неверојатна фрустрација. Речиси 20 години ова се клучните зборови кои толку грубо, но соодветно ја опишуваат состојбата во Босна и Херцеговина.

Сепак, населението на оваа мала балканска земја на изборите секогаш одново ги избира истите партии. Овие избори, благодарение на енергичната поддршка на меѓународната заедница, демократски и организациски беа речиси беспрекорни.

Поделби и владеење

Корумпираните политичари, против кои се протестира со денови, се сепак демократски избрани. Недостатокот на демократска култура, наивноста или класичното политичко лудило на граѓаните во Босна и Херцеговина се само соодветно објаснување на оваа апсурдна ситуација. Политичарите-националисти од сите народни групи во земјата имаат моќно оружје во рацете од крајот на војната, а тоа е и докажано средство со кое гласачите се прават глупаво гласачко стадо - таканаречената етничка карта.

Pargan Benjamin Kommentarbild App NICHT MEHR VERWENDEN

Бенјамин Парган, автор на коментарот

Тие создаваат стравови и предрасуди за останатите етнички групи. Притоа сопствената етничка група секогаш се претставува како маргинализирана, чија егзистенција е загрозена и дека таа е жртва во секоја смисла. Потоа сопствената партија со помош на, во секој случај етнополитички водените медиуми, се претставува како спасител на нацијата, како некој кој гарантира за политичкото преживување и како единствен вистински борец за националните интереси. Притоа, босанско-херцеговскиот гласач заборава да размисли зошто нему економски му е толку лошо. Нему не му текнува да праша за корупцијата и социјалната нееднаквост. Како би можел да го прави тоа, кога станува збор за значајни работи од националниот интерес?! А, партиите прават се’ тоа така и да остане. Еден етнички поделен народ полесно се става под контрола.

Националистичка контраофанзива

Но, социјалните немири во минатите денови ја надминаа оваа логика на националистите. Мизерната економска ситуација не е поврзана со етничката припадност, па во Босна и Херцеговина се протестира преку етничките граници. Овој факт ги вознемири владејачките етнополитички партии на Босанците, Србите и Хрватите во Босна и Херцеговина. Затоа тие повторно посегнуваат по старото оружје и ја вадат својата карта - етничката. Милорад Додик, претседателот на Република Српска - делот од земјата кој е со доминантно српско население, се обидува на протестите да им даде етнички печат. Тој смета дека Босна и Херцеговина не може да функционира како држава и тој нема да толерира никакви обиди за дестабилизација на Република Српска.

Скандалозните случаи со корупција во сопствените редови и мизерната економска состојба во Република Српска, Додик и неговата медиумска артилерија ги поврзуваат со хајка против целината на Република Српска. Политичките противници и потенцијалните демонстранти веднаш се прогласуваат за предавници и противници на српската автономија во Босна и Херцеговина.

Барања до меѓународната заедница

Слично реагираат и функционерите во националистичките партии на босанските Хрвати. Тие со денови се обидуваат протестите етнички да ги поделат и да укажат дека протестниот бран е инструментализиран од Бошњаците, значи муслиманите кои живеат во Босна и Херцеговина, со цел да се скратат правата на Хрватите. Корумпираната елита на босанските националисти, пак, ги нарече демонстрантите хулигани и ограбувачи. Вистинската причина за гневот на граѓаните и од нив се прикрива.

За жал, и 20 години по крајот на војната, граѓаните на Босна и Херцеговина и натаму не се имуни на вакви националистичко-популистички подбуцнувачки кампањи. Затоа, надежта за една босанска пролет е на нестабилни нозе.

Поврзана содржина