1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Крвопролевање во Црвената џамија

Неколкудневната војна на нерви околу Црвената џамија во Исламабад, заврши со крвопролевање.

default

Просториите на Црвената џамија со денови гореа

Пакистанските војници изутрината ги нападнаа просториите на сунитските верници и водеа жестоки борби со милитантните борци, како што соопшти претставникот на армијата, генерал Вахед Аршад. Притоа, загинале околу 40 исламисти и тројца војници.

Пакистанските војници ја нападнале џамијата од три страни и, според генералот, многу бргу ја презеле контролата врз централната просторија на приземјето. Околу 20 деца со трчање се упатиле кон војниците и биле префрлени на сигурно. Во другите простории претворени во еден вид тврдина, се забарикадирани околу 150 радикални верници, меѓу нив многу жени и деца што ги држат како заложници. Според генералот Аршад, тие се повлекле во подрумот и даваат жесток отпор со машински пушки и бомби.

Водачот на радикланите верници Абдул Рашид Гази за телевизискиот канал Гео, изјавил дека војската настапува со сета сила што, како што рекол, било гола агресија. „Моето мачеништво сега е сигурно„, рекол Гази.

„Владата не е искрена и по секоја цена сака крвопролевање„, изјави лидерот на исламистите во Црвената џамија.

Според неговите информации, околу 30 негови приврзеници пружаат отпор, но немаат доволно оружје на располагање. Црвената џемија на која и припаѓаат и две корански училишта, важи за тврдина на милитантниот исламизам во Пакистан.

Воената акција започна непсоредно по неуспехот на последните посреднички преговори под водство на поранешниот пакистански премиер Чаудри Хусеин. Тој преговарал околу девет часа со Гази преку мегафон и мобилен телефон. Притоа биле поднесени добри понуди, но Гази не бил подготвен да се предаде, изјави Хусеин. Генерал Аршад, по почетокот на воената акција рекол дека оној што веднаш ќе се предаде, ќе биде уапсен, сите други ќе бидат третирани како непријателски борци и ќе бидат убиени.

„Има многу луѓе и не може да се препознае кои се исламисти, а кои се заложници. Се обидуваме бројот на жртвите да биде колку што е можно помал„, изјави претставникот на рамијата.

Црвената џамија беше опколена од армијата откако во минатата недела дојде до улични борби меѓу полицијата и радикалните ученици. Од комплексот во изминатите денови избегаа поовеќе од илјада и 200 лица.