1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Крвопролевање во Триполи

Над 40 лица загинаа во судирот меѓу вооружени граѓани и милицииите во Либија. Судирот се случи кога милициите ги нападнаа демонстрантите во главниот град Триполи. Стотици граѓани маршираа и бараа нивно распуштање.

Либискиот главен град денеска (16.11) се подготвува за погреби. Над 40 лица загинаа, а околу 400 други се повредени во вчерашните инциденти меѓу либиските милиции и демонстрантите во Триполи, кои се случија за време на демонстрации.

Кога демонстрантите се доближија до седиштето на милициите, од него излегоа вооружени лица кои отворија оган врз оние кои протестираа. Дел од демонстрантите заминаа дома за да го земат оружјето кое го имаат и да одговорат на нападот. Демонстрантите носеа бели знамиња и бараа се’ послабите безбедносни сили во Либија да го заземат местото на милициите. Луѓето кои протестираа извикуваа: „Сакаме армија, сакаме полиција“.

Претседателот на советот во Триполи, Садат ал-Бадри, нагласи дека луѓето на последниов протест не биле вооружени и дека на нив било пукано од внатрешноста на седиштето на милициите.

Protest und Gewalt in Libyen

Демонстрантите тврдат дека биле нападнати од милициите

Граѓаните сметаат дека милициите имаат се’ помоќна улога во земјата во која се’ помалку владее законот. Во неа од власт беше соборен диктаторот Моамер Гадафи во 2011 година. Милициите, од кои дел се формирани од страна на владата, контролираат одредени делови од земјата и досега имаат извршено бројни насилства.

Владата повика на смирување на страстите. Премиерот Али Зеидан првично изјави дека вооружените демонстранти ги предизвикале судирите и дека безбедносните сили не интервенирале „за да не ја комплицираат ситуацијата“, за потоа да се поправи дека маршот бил „мирен и дека се нашол под оган откако влегол во Гаргур (местото каде се наоѓа седиштето на милициите, н.з.)“.

Зеидан, кој во октомври накратко беше киднапиран од вооружени лица, минатата недела ги повика Либијците да се спротивстават на милициите.

„Луѓето мораат да излезат на улиците и да го поддржат создавањето на армијата и полицијата“, рече либискиот премиер.