1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Крвопролевање во Бахреин

Еден ден по воведувањето вонредна состојба во Бахреин, безбедносните сили употребија насилство против демонстрантите. Во судирите, според опозициони извори, има најмалку петмина загинати и двајца полицајци.

default

Централниот плоштад во Манама

На централниот плоштад во Манама, центар на демократското движење во Бахреин, денеска се паркирани тенкови, а по околните улици патролираат оклопни возила со автоматски пушки. Луѓе речиси и нема. На безбедносните сили им беа потребни помалку од два часа за да го испразнат плоштадот од демонстранти, врз кои се пукаше и беше употребен солзавец. Од толпата од околу 500 демонстранти, кои ноќта ја минаа на плоштадот, кон безбедносните сили беа исфрлени неколку молотови коктели. Беа запалени шаторите на демонстрантите, а се слушаа и експлозии, веројатно од гасните боци во шаторите. Саид Алалауи, еден од сведоците на случувањата, вели:

Bahrain Polizei räumt Straße in Sitra

Улиците се полни со полицајци

„Она што го гледаме од изутрината е неверојатно - воени хеликоптери од типот ’апачи’, војници кои употребуваат насилство против демонстрантите на плоштадот и не ги пропуштаат болничките возила, а во болницата, која е нападната, не се пропуштаат лекари на работното место. Ги молиме луѓето во светот да ни‘ помогнат. Ние демонстрираме мирно и само ги бараме нашите права, ништо друго.“

Bahrain Verletzte in Manama

Демонстрираат шиитите, кои се мнозинство во земјата

Нејасно е дали при интервенцијата на плоштадот биле присутни и саудиски војници и војници на Обединетите Арапски Емирати. Завчера во Бахреин вмаршираа околу 1500 странски војници, на барање на кралот на Бахреин. Нивните возила, меѓутоа, не носат ознаки. Опозицијата во Бахреин, која смета дека доаѓањето на странски трупи е погрешен чекор, зашто се работи за внатрешно прашање на земјата, побара од ОН да интервенираат за да го заштитат населението. Демонстрантите бараат поголеми политички слободи. Протестното движење го предводат шиити, кои се мнозинство во земјата, додека кралската куќа во Бахреин е сунитска.

Автор: Карстен Кинтоп/дапд/Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Симе Недевски