1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Крвав судир меѓу муслимани и христијани во Египет

Во верски мотивирана престрелка во близина на Каиро убиени се најмалку пет лица, од кои четири се коптски христијани. Полицијата се обидува да ја стави ситуацијата под контрола.

default

Во судирот кој се случи во општината Калубиа, северно од египетскиот главен град Каиро, ранети се шест лица, се дознава од полициски извори. Коптски претставници соопштија дека од вчера вечерта (05.04.2013) се убиени можеби седум лица.

Спорот очигледно го започнал средовечен муслиман кој негодувал поради тоа што млади копти ставиле крст на ѕидот од еден муслимански институт, што
доведе до тепачка меѓу студентите на институтот и коптите.

Муслиманот ја навредувал христијанската религиозна заедница и крстот како симбол, при што влегол во судир со помлад христијанин. Во меѓувреме, конфликтот се разгорел и дошло до пресметка со огнено оружје меѓу муслиманите и христијаните во градот, која траела до денешните утрински часови.

Околу шест до десет проценти од вкупно 83 милиони жители на Египет припаѓаат на коптското христијанско малцинство. Во насилните конфликти меѓу муслиманското мнозинство во земјата и христијаните во минатите години постојано има жртви и ранети.