1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Крвав напад на талибанците врз американска база

Талибанците изутринава (02.12) нападнаа база на авганистанските и американските војници во источниот дел на Авганистан. Сите деветмина напаѓачи се убиени, како и најмалку петмина Авганистанци.

Радикалноисламистичките талибанци прво активирале автомобили бомби пред влезот во воздухопловната база која се наоѓа на периферијата на градот Џалалабад, по што следувала двочасовна престрелка со војниците. Сите деветмина напаѓачи, како и најмалку петмина Авганистанци, загинаа во нападот за кој талибанците презедоа одговорност во имејл порака испратена до новинарите. Повредени се 14 авганистански војници и повеќемина припадници на меѓународните трупи.

Портпарол на полицијата соопшти дека двете возила натоварени со експлозив застанале пред главниот влез во базата околу 6 часот изутрина. Едното возило експлодирало веднаш, а второто експлодирало откако војниците почнале да пукаат кон него. Во престрелките што потоа следувале биле употребени и американски воени хеликоптери.

Аеродромот во Џалалабад годинава беше веќе два пати нападнат. При самоубиствен напад со автомобил бомба, на 27. февруари загинаа шестмина цивили, еден авганистански војник и двајца авганистански стражари. На 15. април аеродромот беше нападнат во рамки на офанзивата на талибанците.