1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Крвав ден во Багдад

Во повеќе напади во ирачкиот главен град загинаа најмалку 21 лице, а повеќе од 50 се ранети. Цели биле министерствата за внатрешни работи и за правда.

Според информациите на полицијата, прво била детонирана автомобил-бомба во близина на Министерството за правда во Багдад. Потоа атентатор самоубиец дигнал во воздух друга автомобил-бомба недалеку од Министерството за внатрешни работи. Втор напаѓач-самоубиец продрел во Министерството за правда, а зградата ја нападнале повеќемина екстремисти. Портапрол на министерството тврди дека никој не е повреден. Ирачката државна телевизија објави дека зградата е евакуирана.

Експлозиите и нападот врз Министерството за правда се одвивале координирано, соопшти портпарол на ирачките антитерористички служби, Сабах Нури за новинската агенција АФП. Трите експлозии според неговото кажување се случиле во населбата Алави во Багдад, во близина на министерствата за надворешни работи и за култура.

Политички или верски мотивирани напади?

Серијата напади е лоцирана во близина на т.н. зелена зона, каде владеат особено строги мерки на безбедност. Таму се сместени ирачкиот парламент и повеќе странски амбасади. Засега никој не ја презеде одговорноста. Но, сунитските бунтовници, кои се во врска со терористичката мрежа на Ал Каеда во Ирак, постојано организираат напади врз шиитите и претставници на владата и војската.

Нападите го погодуваат градот еден месец пред изборите во ирачките провинции закажани за 20 април. Тоа би биле први избори по парламентарните во 2010 година.