1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Крвав биланс по нападите во Бомбај

Нови експлозии го потресоа Бомбај, по синоќешната серија терористички напади во индиската метропола. Полицијата е во акција на ослободување на заложниците кои ги држат терористите. Светот најостро ги осуди нападите.

default

Терор во Бомбај

Само неколку часа по бранот терористички напади во индиската метропола Бомбај, агенциитe јавија за три нови силни експлозии во градот. Засега нема официјални информации, но според локалните медиуми две од нив се слушнале од двата луксузни хотела „Таџ“ и „Трејдент

Reaktion Terror Bombay

Реакции на терористичките напади во Бомбај

Овери“ во кои терористите држат заложници. Претходно полицијата соопшти дека нејзините специјални сили ги спасиле заложниците во хотелот „Таџ“, но за сега нема информации дали и колку гости има останато по собите. Во „Трејдент Овери“ се уште има околу 35 заложници.

Извршени напади на 17 локации

Овие два хотела беа меѓу главните цели во серијата терористички напади кои беа изведени на 17 локации во градот. „Беа поставени експлозиви во автомобили, хотели, болници, а беше нападната и железничката станица“, вели министерот за внатрешни работи на Индија, Шифрач Пати.

Според официјалните информации, досега животот го загубиле повеќе од сто лица, а околу 300 се повредени. Меѓу жртвите има најмалку шест странци, кои се'уште не се идентификувани. Според новинската агенција ПТИ меѓу жртвите се наоѓа и еден Австралиец, Јапонец и Италијанец. Гостин во еден од нападнатите хотели, кој успеал да побегне од налетот на терористите, вели: „Тие категорично бараа лица со британски или американски пасоши.“

Одговорноста за нападите во Бомбај ја презеде, досега непозната група под името „Декен Муџахедин“. Еден од терористите за индиска телевизија изјави дека бараат ослободување на сите исламски екстремисти кои се затворени во индиските затвори.

Меѓународната заедница остро ги осуди нападите

Anschläge Indien Mumbai Taj Hotel

Напади врз хотелот Таџ

Француското претседателство со ЕУ упати најостра осуда и нагласи дека Европа стои на страната на индиската нација. Слична порака упати и германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер.„Длабоко сум погоден од грозоморната слика којашто ни пристигна од Индија“, рече Штајнмаер. Рускиот претседател Дмитриј Медведев ги нарече „монструозни и нехумани“ и побара „најстрога казна за виновниците“.

Инаку Индија, од почетокот на годинава, беше погодена од низа атентати. Во нападот во северната покраина Асам во октомври загинаа над 70 луѓе, додека во сличен терористички напад во март во Њу Делхи загинаа 24 лица. Во јули 2006 година, пак исто во серија терористички напади во Бомбај загинаа 190 лица, а стотици беа повредени. Се смета дека повеќето од нив ги извеле исламистички екстремисти.