1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Крваво утро во Ирак

Четири самоубиствени бомбашки напади, утрината предизвикаа хаос и паника низ неколку градови во Ирак. Најмалку 59 лица загинаа а повеќе од сто се ранети.

Најголемиот напад во кој според последните информации загинале 30 а повредени се 60 лица, се случи во градот Тикрит, родното место на поранешниот претседател Садам Хусеин. Бомбаш самоубиец се разнел во воздух со својот автомобил откако влетал меѓу група работници шиити, кои чекале во ред пред градежна компанија во која барале работа. Експлозијата се случила во непосредна близина на полициска станица.

25 лица загинаа, а 35 се ранети во самоубиствениот напад во градот Хавиџа. Експлозијата ја предизвикал бомбаш самоубиец кој го активирал експлозивот кој го носел со себе пред армиски регрутен центар. Речиси истовремено во Багдад бомбаш самоубиец однесе во смрт тројца цивили откако го активирал автомобилот бомба во непосредна близина на полициска станица. Министреството за внатрешни работи го потврди и нападот во предградието на Багдад, Дора, во кој загинале двајца полицајци и еден цивил.

Нападите во Ирак, кои ескалираа по формирањето на владиниот кабинет на 28 минатиот месец во последните десетина денови однесоа околу 400 животи.

Во меѓувреме американската армија во пустинскиот предел во делот на границата со Сирија, клучната база на екстремистите, ја продолжува акцијата Матадор во која досега биле елиминирани 100 екстремисти.