1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Крвави напади на исламистичка секта во Нигерија

Повеќе десетици луѓе го загубија животот во серија бомбашки напади во Нигерија. Зад нападите се претпоставува дека стојат членови на радикално исламистичката секта Боко Харам.

default

Сектата Боко Харам со години пустоши низ Нигерија

Во серија крвави напади во западноафриканската земја Нигерија денеска се убиени најмалку 67 лица. Се стравува дека бројот на жртвите може да расте.

Зад нападите во градовите Даматуру и Маидугури се претпоставува дека стои радикално исламистичката секта Боко Харам. Сектата чие име во превод значи „западното воспитување е грев“ со години изведува напади врз полициски станици и христијански цркви.

Терористите овојпат ја започнаа серијата напади со активиирање на експлозив во џип пред објектот на владина служба во градот Маидугури. Оваа институција била одговорна за координација на борбата против сектите, информира весникот „Д нејшн“. Другите бомби експлодираа пред католички цркви и теолошки факултет.

Karte Nigeria mit Bundesstaat Borno und der Stadt Maiduguri

Дописникот на БиБиСи од Нигерија информира дека дошло и до подолга престрелка, а жителите ги напуштиле населбите каде се случија судирите. Нападот траел околу 90 минути. Тројцата напаѓачи погинале.

Маидугури долго време се сметаше за седиште на сектата Боко Харам. Со месеци нејзините членови фрлаат бомби во кафулињата, кои ги сметаат за место за гревови. Во август при самоубиствен напад пред објектот на ОН во главниот град Абуџа погинаа 20 луѓе. И во денешните напади сектата се смета за организатор.

Сектата Боко Харам одбива се’ што е поврзано со западниот стил на живеење. Покрај другото е стриктно против консумирање алкохол. Групата формирана во 2002 година самата се означува како „нигериски талибанци“.

Автор: АТ/ ЖА/дпа

Редактор: Ж.Ацеска