1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Крвави напади врз авганистанските власти

Во два самоубиствени напади во Авганистан врз претставници на властите во земјата загинаа најмалку 24 лица.

Меѓу загинатите во нападите во провинциите Херат и Хелманд има единаесет полицајци, осуммина цивили, како и петмина атентатори. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Херат двајца напаѓачи се обиделе да влезат со своето возило полно со експлозив во зградата на управата на дистриктот Гусара. Кога биле запрени од страна на полицијата, тие го активирале експлозивот. Во времето на нападот пред зградата имало голем број луѓе кои чекале на термин со административците во зградата. Загинале двајцата атентатори, осуммина цивили и тројца полицајци, а повредени се уште 22 луѓе. Инаку, во најголемиот дел на провинцијата Херат, која досега важеше за мирна, одговорноста за безбедноста веќе им е предадена во рацете на авганистанските безбедносни сили.

Вториот напад се случил пред една полициска станица во јужната провинција Хелманд. Според наводи на тамошните власти, тројца атентатори се обиделе да го нападнат главното седиште на полицијата во дистриктот Муса Кала. Еден од напаѓачите бил убиен, а двајца се кренале во воздух откако влегле во зградата. Во овој самоубиствен напад загинале осуммина полицајци, а има и голем број повредени.