1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Крвава серија напади во Ирак

Телевизијата Ал Џазира јавува за повеќе од 70 загинати, и стотина лица, делумно тешко повредени, во неколку експлозии во Кербела, светиот град на Шиитите. Во шиитскиот кварт Кадимија,во Багдад, пак, во три експлозии загинаа 75 луѓе

Серија експлозии во Ирак

Серија експлозии во Ирак

Нападите се случија речиси истовремено. Во Багдад, во квартот Кадимија, околу еден ковчег се случија повеќе експлозии. Во, Кербела, тие погодија поворка луѓе, кои се молеа.

Нападите се случуваат за време на врвот на празнувањето на Ашура, празник на Шиитите во чест на нивниот најголем жртвеник, имамот Хусеин. На двете места, и во Кадимија и во Кербела, денеска по нападите владее хаос и страв.

Со оглед на тоа што уште на почетокот на празнувањето на Ашура, на север од земјата се случија два самоубиствени напади, безбедноста беше зајакната. Но, странските окупациони сили се држеа свесно воздржано, и мерките на заштита им ги препуштија на Бадр-бригадите на Високиот совет за исламска револуција во Ирак и на членовите на армијата на Мехди. Накусо – безбедноста во Кербела им беше препуштена на две важни движења на Шиитите. Но, пред само неколку дена, портпаролот на организациите изјави дека е невозможно да се контролира секој и се‘, ако на едно место се соберат десет илјади луѓе.

На тоа така гледа и портпаролот на привремениот ирачки владин совет, Хамид ел Кафаи. По нападот во Кербела, тој во светиот град изјави:

”Никој не може да спречи вакви напади, зашто тие се насочени против просечните луѓе. И сеедно што се презема, човек не може да ги спречи терористите да се движат наоколку и да убиваат вакви ”нормални” луѓе. Денеска се случи токму тоа, на едно многу свето место.”

Кој се крие зад нападите во Багдад и Кербела, во моментов е нејасно. И, не е многу веројатно дека убијците ќе бидат фатени. Тие можеби потекнуваат од кругот од кој што потекнуваат и атентаторите, кои ги извршија нападите во Ербил на први февруари, на почетокот на исламскиот празник на жртвување.

Портпаролот на преодниот ирачки совет, Хамид ел Кафаи, е на мислење дека ваквите терористи имаат само една намера – да дестабилизираат, да го држат Ирак немирен, да ги заплашуваат луѓето.

”Атентаторите немаат ништо заедничко со Ирак, ништо заедничко со човечноста и со окупацијата. Тие се непријатели на ирачкиот народ. Но, нема да успеат зашто луѓето овде се бесни на оние што извршуваат напади врз недолжни учесници на денешниот мирен празник, празник на религијата. ”