1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Крвава серија напади во Ирак

Во серија бомбашки напади во Ирак се убиени повеќе од 60 лица. Според податоци на властите во целата земја експлодирале 15 автомобил бомби, 12 од нив во главниот град Багдад.

На крајот на празникот Рамазан Бајрам Ирак го потресе серија напади во кои животот го загубија повеќе од 60 луѓе. Повеќето бомбашки напади се случија во Багдад - меѓу нив и напад во кафуле во близина на еден пазар. Само во ирачкиот главен град загинаа повеќе од 50 луѓе. Најмалку 190 луѓе се повредени.

Според податоци на полицијата и спасувачките екипи во градот експлодирале дванаесет бомби пред сѐ во деловите на Багдад кои главно се населени со шиити. Со оглед на тоа што речиси сите напади се случија во рок од еден час, полицијата претпоставува дека се работи за координирана акција. Досега ниту една терористичка група не ја презема одговорноста за нападите.

Во самоубиствен напад во Тус Хормато, 175 километри северено од главниот град убиени беа најмалку девет лица, а 28 биле повредени. Исто така и во Кербела, околу 80 километри јужно од Багадад детонираше автомобил бомба. Напад беше изведен и врз една шиитска џамија во Киркук, каде безбедносната состојба главно се смета за стабилна.

Портпарол на американското министерство за надворешни работи соопшти дека САД силно ги осудуваат „кукавичките напади“. Нападите биле насочени кон семејства, кои го славеле празникот. „Терористите, кои ги сторија овие дела се непријатели на исламот, и заеднички непријател на САД, Ирак и меѓународната заедница“, изјави портпаролот.

Од јануари до крајот на јули, според ОН во Ирак загинале 4137 цивили, повеќето од нив во Багдад. Повредени биле 9865 луѓе.