1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Крвава „свадба“ во северен Авганистан

Најмалку 20 луѓе загинаа во самоубиствен бомбашки напад кој се случи за време на свадба која ја организирал локален политичар.

Во напад на бомбаш-самоубиец во северниот дел на Авганистан, загинаа најмалку 22 луѓе, а 40 се повредени, соопшти полицијата.

Во нападот загина и влијателиот политичар Ахмад Кан Самангани, регионален воен командант и национален пратеник, кој организираше свадба за неговата ќерка.

Нападот се случи утрово во Ајбаку, главниот град на провинцијата Саманган, кога напаѓачот го активирал експлозивот на влезот од салата каде била свадбата.

Талибанците веднаш демантираат поврзаност со убиството, оценувајќи дека

Ahmad Khan Samangani Parlamentsabgeordneter Afghanistan

Убиениот пратеник Ахмад Кан Самангани

можеби станува збор за пресметка изведена од лични мотиви.

Самангани, член на Парламентот беше Узбек, а неговото убиство претставува удар за напорите за обединување на бројните етнички фракции во Авганистан. Тој се сметаше за близок сојузник на актуелниот претседател на Авганистан Хамид Карзаи, а се стекна со слава за време на советската окупација на земјата во текот на 80-те години на минатиот век.