1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Крвава рација против Боко Харам

По последниот напад од страна на групата Боко Харам, владата во Нигерија презеде одлучни мерки против радикалните исламисти. Боко Харам се бори за создавање исламска држава во северниот дел од Нигерија.

Во рациите, спроведени од специјална единица на армијата, во градот Даматуру во престрелките се убиени најмалку 35 членови на сектата, изјави портпарол на војската во сојузната држава Јобе. Освен тоа, уапсени се над 60 осомничени приврзеници на Боко Харам.

Во текот на рација, војската одела од врата до врата во три предградија на Даматуру, каде во еден момент дошло до жестока размена на оган, што траела до раните утрински часови.

Боко Харам преку употреба на сила се бори за создавање исламска држава во северниот дел од Нигерија. Групата е одговорна за бројни напади врз служби, полицијата и цркви во Нигерија, од 2010 година, кога го почна бунтот против централната власт, е одговорна за смртта на најмалку 1.400 лица. Во самоубиствен напад на припадник на оваа секта врз црква во градот Бајаб Гари во неделата загинаа три лица, а над 40 беа ранети.