1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Крвава палка во домот на Писториус

Јужноафриканската полиција во домот на параолимпиецот Оскар Писториус пронашла крвава палка за крикет. Полицијата ќе испитува дали палката е користена во самоодбрана или, пак, за напад врз убиената Рева Стенкамп.

Писториус во петокот беше обвинет за убиство со умисла, откако еден ден претходно со четири куршуми ја усмрти 30-годишна манекенка. Иако првично се сметаше дека тој пукал кон неговата девојка мислејќи дека е провалник, тоа го демантираа сведоци кои рекоа дека пред пукањето слушнале женски врисок. Сега одбраната му е отежната и со пронајдената крвава палка.

Oscar Pistorius Südafrika Gericht Vater

Оскар Писториус зборува со неговиот татко, кратко по појавувањето во судницата во петокот

Извор од полицијата за весникот Сити прес вели дека главата на убиената девојка била смачкана, а на палката е најдена големо количество крв. Истражителите сe’ уште се обидуваат да откријат дали палката е користена за напад на Стенкамп или таа ја употребила за самоодбрана.

„Се сомневаме дека со првиот куршум во спалната соба Стенкамп е погодена во колкот. По тоа таа побегнала во бањата, а осомничениот низ вратата испукал уште еден куршум“, вели полициски извор за весникот.

Писториус, атлетичар со две ампутирани нозе, кој лани на Олимписките игри во Лондон настапуваше во конкуренција на телесно здравите спортисти, се наоѓа во притвор. Во вторник ќе биде одлучено дали ќе биде пуштен со кауција, односно дали ќе може да се брани од слобода. Доколку биде прогласен за виновен ќе добие доживотна казна затвор.

Südafrika Sport Oscar Pistorius mit Freundlin Reeva Steenkamp

Девојката на Писториус ќе биде кремирана в вторник

Неговиот агент денеска изјави дека Писториус добива „огромна поддршка“ од неговите фанови. „Меѓународни фанови буквално од целиот свет“ му посакуваат се’ најдобро, изјави Пет ван Зил. Тој бил да го посети Писториус во притвор и за да разговара за „плановите што ги имал за оваа година. Ван Зил не сакаше да кометира како е 26-годишниот атлетичар и во каква ментална и емоционална состојба бил.

Sемејството на убиената Рева Стенкамп информираше дека нејзиното тело е вратено во родниот град Порт Елизабет и оти приватен погреб е планиран за в вторник. Церемонијата за кремирање на телото на моделот и адвокат ќе биде затворена за јавноста и медиумите.