1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Крвава новогодишна прослава во Брегот на Слоновата Коска

Трагичен крај на новогодишната прослава во западноафриканската република Брег на Слоновата Коска: по огнометот во стампедото по масовна паника на стадион загинаа и многу деца и млади.

Извештаите за точниот број на жртвите и текот на катастрофата од час во час беа противречни. Но, според портпарол на Воената пожарникарска служба, досега се извадени телата на 61 жртва. Во несреќата во Абиџан, најголемиот град во Брегот на Слоновата Коска, има и најмалку 200 повредени лица, како што јавуваат локалните медиуми. Меѓу загинатите и повредените има многу деца и млади над 15 години. Очајните родители ги бараат своите деца.

Стравични сцени

Паниката според извештаите на очевидци почнала по новогодишниот огномет пред главниот влез на стадионот во метрополата. Државната телевизија прикажа снимки на тела кои лежат на улиците и купишта чевли и оставена облека. Се гледаат престрашени жени, околу кои се грижат спасувачките екипи. Причината за несреќата не е позната.

Во Абиџан вторпат по ред се организира огномет. Тој треба да биде симбол за новиот пичеток во западноафриканската држава под водство на претседателот Аласане Кватара. Во политичките борби претходно од декември 2010 до април 2011 година меѓу Квантара и неговиот претходник Лорен Гбагбо загинаа околу 3 илјади лица.