1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Крвава ескалација во Украина

Протестите во Киев се претворија во улични борби, на централниот плоштад Мајдан горат барикади. Илјадници демонстранти се собраа во обид да го одбранат плоштадот од очекуваниот јуриш на силите за безбедност.

Илјадници антивладини демонстранти на ниски температури се собрани во центарот на престолнината Киев, за да го спречат очекуваниот налет на силите за безбедност и растурањето на нивните протестни логори. За само неколку часови барикадите околу плоштадот на независноста се подигнати на поголема височина со вреќи полни снег, јавува рапортер на новинската агенција АФП. Стотици луѓе во пластични вреќи и кеси носат откорната калдрма и парчиња асфалт на плоштадот. И ноќеска гореа подигнатите барикади од автомобилски гуми. Полицијата употреби солзавец, гумени палки, а демонстрантите фрлаа Молотови коктели и камења, за да ја спречат да го расчисти плоштадот. Во вчерашните судири имаше неколку загинати, опозицијата тврди дека се седум, а властите издадоа официјално соопштение за три жртви. Имињата на жртвите не се објавени, само се посочува дека станува збор за млади луѓе на возраст меѓу 20 и 30 години.

Министерството за внатрешни работи синоќа објави дека се повредени 218 негови припадници од кои 99 се хоспитализирани. Кај нив се дијагностицирани повреди на мозокот, преломи, изгореници, расекотини и труење од непознати супстанции. Министерството, исто така, најостро ја демантираше информацијата во некои западни медиуми дека во престолнината Киев се испратени тенкови.

Украинскиот премиер Микола Азаров изјави дека полицијата добила инструкции да не употребува сила против демонстрантите доколку се мирни и да не дозволува заземање на владини објекти. Сепак е дозволено безбедносните сили да употребуваат солзавец, специјални штитови и слично.

Претходно, лидерите на украинската опозиција му поставија ултиматум на претседателот Виктор Јанукович во рок од 24 часа да распише предвремени избори, во спротивно ќе се соочи со уште пожестоки протести. Освен тоа, побарано е и укинување на строгите законски мерки против протестите.

Demonstration und Proteste in Kiew 22.01.2014

Витали Кличко

Опозициските лидери побараа од десетиците илјади демонстранти да се воздржат од насилство и да останат на централниот плоштад во Киев во следните 24 часа.

Разговори со Јанукович

Поранешниот светски боксерски шампион сега челник на украинската опозициска партија УДАР; Виталиј Кличко синоќа изјави дека претставниците на опозицијата на разговорите со претседателот Виктор Јанукович, меѓу другото, и за барањето за оставка на владата. „Преговорите продолжуваат“, истакна Кличко пред новинарите.

„На прашањето дали претседателот размислува за предвремен избори, на коишто може да биде сменета власта, не добивме одговор, а на прашањето дали е можна оставка на владата – тоа е можно, но е потребно за тоа да има согласност на следната седница (на парламентот), кога ќе биде закажана, а Партијата на регионите (владејачката) мора да утврди дали ќе има или не (гласање)“, изјави Кличко. Според него, главната задача сега е со сите сили да се избегне натамошното крвопролевање во земјата.

Инаку претходно украинските опозициски лидери одбија да дадат изјави за новинарите откако ја напуштија претседателската резиденција. Покрај Кличко на разговорите со претседателот Јанукович и секретарот на Советот за национална безбедност Андреј Клјуев, присуствуваше и Арсениј Јанцејук, потпретседателот на опозициската партија Батковшчина (Татковина) на поранешната премиерка Јулија Тимошенко, која издржува седумгодишна затворска казна за прекршување на овластувањата.

Украинскиот претседател Виктор Јанукович ги замоли граѓаните да не се одѕиваат на повиците на радикалите и рече оти уште не е доцна да се решат судирите во Киев на мирен начин. „Уште еднаш ја повикувам опозицијата да седна на преговарачката маса и да го сопреме судирот. Јас сум против пролевањето крв, против примената на сила и разгорувањето на непријателствата и насилствата“, повика Јанукович преку својата официјална интернет страници. Тој изрази жалење за смртта на луѓето во Киев во судирите коишто ги „испровоцираа политичките екстремисти“.

Опозицијата за смртните случаи го обвини претседателот Јанукович и министерот за внатрешни работи Виталиј Захарченко.

ОБСЕ со повик за воздржаност од насилства во Украина

Претседавачот со ОБСЕ и шеф на швајцарската дипломатија, Дидие Буркхалтер изрази денеска длабока загриженост заради ситуацијата во Украина и повика на воздржување од понатамошни насилства.

Тој оцени дека е потребно сите страни да се ангажираат во мировниот дијалог како прв чекор кон решавање на кризата.

„Апелирам до сите страни да се воздржат од насилство и со дијалог да бараат начини да се стабилизира ситуацијата“, наведе Буркхалтер во соопштение. Тој изрази загриженост заради жртвите.

„Како претседавач со ОБСЕ, Швајцарија е подготвена за помош на Украина во изнаоѓање мирољубив пат за излез од кризата“, додава тој, воедно повикувајќи ги властите да направат сѐ што е потребно за да се спречи понатамошна ескалација на тензиите, да се спроведе брза истрага и одговорните за жртвите и насилствата да бидат изведени пред лицето на правдата.