1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Крај на шестпартитните преговори?

Северна Кореја ги прекинува преговорите за нуклеарната програма, откако СБ на ОН го осуди неодамнешното лансирање на ракета. Кина и Русија го повикаа Пјонгјанг да се врати на преговарачка маса.

default

Неодмна лансираната ракета од Северна Кореја доби осуда од СБ на ОН

Северна Кореја најави дека ги прекинува преговорите со шесте светски сили и ќе продолжи да ја развива својата нуклеарна програма. Пјонгјанг се одлучил на ваков чекор откако Советот за безбедност на ОН (СБ) го осуди неодамнешното тестирање на ракета. Во соопштението усвоено од сите членки на СБ, покрај осудата на Северна Кореја, се вели и дека се заоструваат и санкциите за оваа комунистичка земја.

„Заострувањето на санкциите за Северна Кореја е јасен сигнал дека меѓународната заедница е против вакви тестирања на ракети“, рече британскиот амбасадор во Советот, Џон Сојерс. САД сака да предложи и листа на компании и лица од Северна Кореја кои треба да бидат погодени од стопанските казнени мерки.

Пјонгјан ќе продолжи да ја развива нуклеарната програма

Северна Кореја категорично ја отфрла одлуката на ОН, соопшти Министерството за надворешни работи во Пјонгјанг.

Nordkorea will seine Atomanlage Yongbyon nun doch abschalten

Дали повторно ќе проработат нуклеарните постројки?

„Повеќе нема да има шестпартитни преговори. Никогаш повеќе нема да учествуваме во вакви разговори и веќе не сме обврзани да почитуваме било каква одлука донесена во рамките на тие преговори“, се вели во соопштението.
Москва и Кина изразија жалење поради ваквата одлука на Пјонгјанг и ја повикаа Северна Кореја да не ги прекинува преговорите за спорната нуклеарна програма. Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Јанг Ју изјави дека „Кина се надева оти сите страни ќе ги продолжат преговорите и дека настанатите тензии ќе се намалат.“ Јапонија, која побара од СБ да се осуди тестирањето на ракета од страна на Северна Кореја, ги повика властите во Пјонгјанг да ја прифатат одлуката на СБ и се заложи за продолжување на преговорите. Севернокорејското министерство меѓутоа најави дека земјата „ќе ги преземе сите мерки за повторно да ги активира запрените нуклеарни постројки“.

Како дел од планот договорен во 2007 година, Северна Кореја исклучи од погон повеќе нуклеарни постројки, а за возврат треба да добие финансиска помош. Инаку, во шестпартитните преговори, покрај Северна Кореја и Кина се и САД, Русија, Јапонија и Јужна Кореја.

Автор: НГ/ројтерс/афп/бета

Редактор: Александра Трајковска