1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Крај на тиранијата и диктатурата“

Либискиот премиер Махмуд Џибрил денеска (20.10.) потврди дека Моамер ел-Гадафи загинал. И портпарол на Преодниот совет во Бенгази порача дека тој загинал „од рацете на револуцијата“.

default

Востаниците во Сирт слават по веста за смртта на диктаторот

„Му објавуваме на целиот свет дека Гадафи денеска загина од рацете на револуцијата“, изјави портпаролот на новото либиско раководство, Абдел Хафес Гога, во Бенгази. Смртта на Гадафи ја потврдиле команданти на бутновничките сили, кои претходно го уапсија во близината на градот Сирт, последната тврдина на силите лојални на поранешниот диктатор. „Ова е историски миг на завршување на тиранијата и диктатурата“, нагласи Гога. Востаниците денеска дефинитивно го скршија отпорот во родниот град на Гадафи - Сирт, со што целата земја е ослободена.

Во борбите околу Сирт е убиен и еден од синовите на Гадафи, Мутасим. „Го најдовме неговиот труп“, соопшти еден од водечките команданти на Преодниот совет.

EU-Sozialgipfel Kommissionspräsident Barroso und Ratspräsident van Rompuy

Претседателот на Советот на ЕУ, Херман ван Ромпој (лево) и претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо

Тој порача дека и телото на Мутасим, како и она на поранешниот министер за одбрана на режимот на Гадафи, Абу Бакер Јунис Џабир, се пренесени во градот Мисрата.

Во меѓувреме и американскиот Стејт департмент потврди дека од востаничките сили добил уверување дека Гадафи е мртов.

ЕУ, пак, апелираше до либиските лидери да продолжат со процесот на помирување во земјата по смртта на Моамер ел-Гадафи. Претседателот на Советот на ЕУ, Херман ван Ромпој и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо порачаа дека сега е неопходен широк дијалог меѓу сите елементи во либиското општество за да се обезбеди успешна транзиција кон демократско општество. „Информациите за смртта на Гадафи означуваат крај на ерата на деспотско владеење и репресија, од кои либискиот народ страдаше премногу долго. Денеска Либија може да сврти нова страна на историјата и да ја поздрави новата, демократска иднина“, порачуваат Ван Ромпој и Баросо.

Автор: ГЧ/афп/дпа

Редактор: Е.М.Фиданоска

DW.COM