1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Крај на сезоната за Наумче Мојсовски

Македонската ракометна репрезентација, на наполн месец до почетокот на Европското првенство во Данска, остана без Наумче Мојсовски-движечка сила на националниот тим. Мојсовски се здоби со тешка повреда на коленото.

Средниот бек на Металург и македонската ракометна репрезентација на Македонија, Наумче Мојсовски ќе биде надвор терените во наредните шест месеци. Мојсовски се повреди на дербито со Вардар во вторникот, а медицинските прегледи покажале дека тој има скинат преден вкрстен лигамент на десното колено, како и скинат колатерален страничен менискус.

„За жал стравувањата се обистинија. Мојсовски ќе биде надвор од терените во следните шест месеци. Оваа повреда дојде во најлош момент, токму кога ние во РФМ и самиот Мојсовски силите ги насочивме кон претстојното EП во Данска, а в сабота требаше да почнат и репрезентативните подготовки. Ова секако го погоди и Металург, кој го очекува продолжнието од Лигата на шампионите. Познато е дека токму Мојсовски е еден од главните мотиватори и во репрезентацијата. Во РФМ веднаш се екипиравме, остварен е контакт со Виена, каде тој ќе биде опериран, а ќе замине за два до три дена. Како што е познато, во Виена беа оперирани и Ванчо Димовски и Филип Миркуловски. Во секој случај во РФМ многу сме потиштени од овој непријатен случај, кој навистина најмалку ни беше потребен сега и тоа во натпревар, кој можеше да биде одигран и по ЕП во Данска. Штета, многу сме разочарани и јас и селекторот Ивица Обрван“, ја пренесе изјавата на докторот на македонската репрезентација, д-р. Никола Панчевски, интернет страницата на Металург.