1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Крај на рецесијата во Германија

Рецесијата во Германија е запрена - барем привремено. Ова произлегува од најновите бројки што ги објави Заводот за статистика со седиште во Визбаден.

default

Дали е ова дефинитивен крај на надолниот тренд?

Сите експерти беа согласни дека актуелната економска криза беше најголема што го зафати светското стопанство во последните 80 години. Mеѓутоа, тие исто така, сега се согласуваат со тезата дека по рекордниот минус на германското стопанство во првиот квартал од 3,5%, надолниот тренд во вториот квартал е запрен. „Сметаме дека ова значи крај на рецесијата. Има повторно повеќе побарувачка и извозот во јуни исто така бележи покачување. Ова сега со згoлемувањето на бруто-националниот производ за 0,3% е уште еден доказ!“, вели Штефан Мице од покраинската банка за Хесен и Тирингија.

И неговиот колега Хенрик Мајнке од Здружението на германската хемиска индустрија, гледа повторно нагорен тренд: „Хемиската индустрија е бранша во која циклусите брзо се одразуваат. Нашите муштерии ги потрошија залихите и сега повторно испраќаат нарачки, од кои наскоро ќе профитираме.“

Не е време за еуфорија

Мајнке, меѓутоа, нагласува дека засега нема причина за

Symbolbild Abschwung Rezession Börsenkurve Mann

Диjаграмите наскоро ќе изгледаат подобро

еуфорија, бидејќи трендот на опоравување е се’ уште на ниско ниво. Кога ќе се споредат бројките со вториот квартал од минатата година, тогаш германското стопанство бележи намалување од 7%. Тоа што сега ситуацијата се подобрува се должи на зголемената приватна и јавна потрошувачка, како и порастот во градежната бранша. Германија профитира и од фактот што стопанскиот опоравок се појавува речиси истовремено во целиот свет: „Азиските земји, пред се’ Кина, се два-три месеца пред нас. И во САД се забележува пресврт, така што германскиот извоз бележи пораст во јуни и тоа не е еднократен ефект“, појаснува Штефен Мице.

Подобрени прогнози

Изгледите за втората половина од годината се подобри, така што експертите дури сметаат дека вкупното намалување на производството за годинава нема веќе да изнесува 6%, како што прогнозираше германската влада. „По најновите бројки, што се подобри од очекувањата, сметаме со минус од само 5% за 2009. Пресвртот е тука, рецесијата заврши, следната година очекуваме стопански пораст од 2%!“

Автор: Ларс Хофман / Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска