1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Крај на протестите во Тајланд?

Неизвесно е дали кризата во Тајланд се разрешува или станува збор само за затишје. По изјава на премиерот Вонгсават дека ќе се повлече, опозицијата најави дека наскоро ќе го ослободи блокираниот аеродром во Бангкок.

default

Демонстратите повеќе од една недела го блокираат аеродромот во Бангкок

„Постигнавме победа и ја остваривме нашата цел“ - изјавија претставници на демонстрантите, најавувајќи дека утре сообраќајот на аеродромот во Бангкок ќе се врати во нормала. Вака се договорија претставници на аеродромот и портпаролот на демонстрантите, кои повеќе од една недела ги блокираа полетувањата и слетувањата на аеродромот Суварнабуми. Според извештаите, опозиционата Демократска народна алијанса уште веднаш ќе почне со повлекување и ќе овозможи непречен сообраќај на превозните и товарни авиони.

Повлекување на премиерот

Ваквиот развој на настаните е последица на одлуката што утринава ја донесе Уставниот суд на Тајланд

Thailand Proteste Somchai Wongsawat

Премиерот Вонгсават пет години не смее да се занимава со политика

за распуштање на владејачката партија ППП и уште две коалициони партии, поради лажирање на минатогодишните избори. Покрај тоа, Судот нареди и повлекување од функцијата на тајландскиот премиер Сомчај Вонгсават. Премиерот не само што мора да се повлече, туку доби и петгодишна забрана да се занимава со политика.

Во секој случај, членови на неговата и останатите две коалициони партнери изјавија дека планираат да и` се приклучат на една нова, неодамна основана партија, и повторно да состават Влада. Тие со незадоволство и разочарување ја примија одлуката на Врховниот суд и најавија протести. Напорн Нанчинтај, еден од приврзаниците на Владата, смета дека Судот не бил докрај непартиски: „Судот не пресуди во согласност со Законот, туку пресуди по волја на други моќници, надвор од судските кругови. Не кажувам кои, но сите ги знаеме“.

Најави за ескалирање на конфликтот

Владините приврзаници алудираат на кралицата Сирикит, која наводно ја поддржува опозиционата Демократска народна алијанса. Напорн предвидува ескалирање на конфликтот во Тајланд:

Unruhe in Thailand, Touristen in Bangkok

Од туристички рај, Тајланд се претвори во хорор-дестинација

„Мислам дека ќе дојде до вооружен пуч. Опозицијата е свесна дека со ваквата одлука на Судот, моќта паѓа во нивни раце. Меѓутоа, ние сепак сме мнозинство. Можеби ќе мораме да ја промениме партијата, но сепак го имаме мнозинството во Парламентот. Затоа мислам дека опозицијата ќе се послужи со оружје“.

Од блокадите на аеродромот, според податоците на тајландското министерство за туризам, погодени се околу 300.000 патници. Никој не знае кога туристите ќе се вратат дома. Се претпоставува дека ќе поминат недели додека воздушниот сообраќај од и кон Тајланд повторно се стабилизира.