1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Крај на надежите за остварување на сонот!?

Македонскиот преставник Работнички Кометал во третото квалификациско коло за пласман во лигата на шампионите во Лил е поразен со 3:0

default

Работнички во Лил доживеа незгоден и тежок пораз кој никој не го поскауваше, а и не се надеваше, барем не по нерешените 0:0 по првиот дел. Францускиот преставник во вторите 45 минути обезбеди солидна предност за мирен реванш. Лил поведе со автоголот на Степановски во 60 минута. На 2:0 зголеми Бастос од пенал во 70. Конечниот резултат две минути подоцна го постави Фоверж

Тешка задача во реваншот го очекува и германскиот преставник во третото квалификациско коло, Хамбургер,кој на домашен терен против шпанската Осасуна одигра без голови. Арсенал во Загреб го прегази Динамо со 3:0. Црвена Звезда од гостувањето во Милано, се враќа со минимален пораз од 1:0 кој и дава надеж дека може да направи пресврт во реваншот. Бугарскиот Левски со синоќешната победа против Киево во Софија е на добар пат да биде првиот бугарски преставник во фазата по групи во најелитното натпреварување. Реванш натпреварите на програмата се за две недели