1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Крај на мисијата на „Кеплер“

Вселенскиот телескоп „Кеплер“ мора да ја заврши потрагата по планети слични на земјата. НАСА најави крај на мисијата, откако еден технички дефект не можеше да биде отстратен по повеќе обиди.

На телескопот на НАСА се јавија технички проблеми поради истрошеност на жироскопите, коишто ја одржуваа неговата ориентација. За одржување на точната ориентација, неопходна за потрагата по планети, потребна е функционалноста на барем три жироскопа, но на телескопот „Кеплер“ функционираа само два.

НАСА соопшти дека инженерите потрошиле неколку месеци во обидот повторно да ги активираат жироскопите, но нивните напори биле безуспешни.

НАСА во меѓувреме ги пофали досегашните постигнувања на уредот. „На почетокот на нашата мисија никој не знаеше, дали планетите со големина на Земјата се чести или ретки во нашата галаксија“, рече научникот Вилијам Боруцки.

Текескопот покажал дека галаксијата е полна со планети „до самиот раб“. Меѓу многуте планети слични на земјата, кои ги откри „Кеплер“, само малку се доволно блиску до нивните ѕвезди, за на нив да може да има живот.

„Кеплер“ во март 2009 тргна во потрага по т.н. втора Земја и оттогаш откри повеќе од 3500 ексопланети кандидати и други ѕвезди. Програмата вкупно чинеше 600 милиони долари (450 милиони евра). Првично беше планирано телескопот до 2016 година да ја испитува вселената.

Телескопот името „Кеплер“ го доби по германскиот астроном и математичар Јоханес Кеплер (1571-1630). Тој ги откри законите на движење на планетите околу Сонцето, кои поради тоа се нарекуваат и „Кеплерови закони“