1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Крај на кариерата на генералот Меккристал?

Американскиот претседател Барак Обама го повика на итни консултации во Вашингтон главниот командант на американските сили за Авганистан, генерал Стенли Меккристал. Повод се навредливите изјави на Меккристал.

default

Мора да го крене прстот: претседателот Барак Обама разговара со Стенли Меккристал (архива)

Американскиот претседател Барак Обама за првпат јавно се изјасни во врска со случајот Меккристал по вчерашната седница на неговиот кабинет. Притоа, Обама не се впушти во ништо повеќе, освен во една критичка забелешка на сметка на генералот. „Генералот Меккристал е на пат за Вашингтон, ќе се сретнам со него, истото ќе го стори и министерот за одбрана Роберт Гејтс. Мислам дека е јасно оти статијата во која се спомнува генералот и неговиот тим покажува слаба способност за проценка на ситуацијата. Но, сакам прво да разговарам со него лично, пред да ја донесам конечната одлука.“

Сите опции отворени

Според оваа изјава на Обама, судбината на генералот Меккристал се чини дека уште не е запечатена. Во таа насока оди и изјавата на портпаролот на Белата куќа, Роберт Гибс:

„Би рекол дека сите опции се отворени...“

NO FLASH US General Stanley McChrystal

Генералот Стенли Меккристал

Гибс им раскажа на новинарите дека претседателот Обама бил многу лут кога слушнал за статијата во магазинот „Ролинг стоун“. Во неа генералот Меккристал и неговите соработници со понижувачки тон зборуваат за најблиски соработници на претседателот Обама, меѓу кои се и потпретседателот Џо Бајден, советникот на претседателот за безбедносни прашања, американскиот амбасадор во Авганистан и други.

Барања за смена

Меккристал, во меѓувреме, се извини за дадените изјави, но и покрај тоа бројот гласови во политички Вашингтон, кои бараат смена на генералот е постојано во пораст. Така Пол Бегала, кој му беше советник на Бил Клинтон додека ја вршеше функцијата претседател на САД, за ТВ-станицата СиЕнЕн порача:

McChrystal und Eikenberry Afghanistan Karzai Washington

Генералот Меккристал со амбасадорот на САД во Авганистан Ајкенбери

„Тоа не може да се остави неказнето, некој така да зборува, а потоа и понатаму да смее да командува со силите кои треба да му бидат лојални на главниот командант, претседателот на САД, тоа не е дозволиво. Според мене, станува збор за откажување на послушност од страна на генералот и тој треба да биде веднаш отпуштен. Не би смеело дури ни да му се дозволи да ја има честа сам да поднесе оставка“, категоричен е советникот Пол Бегала.

Не му е првпат

И тој, како и други американски експерти, потсетуваат дека Меккристал и порано си дозволил негативно да зборува за потпреседателот Бајден и бараат сега да му се стави крај на таквиот тренд. Франсис Таусенд, поранешна советничка на претседателот Џорџ Буш, гледа само еден начин како Меккристал би можел да остане на функцијата главен команадант на американските сили во Авганистан.

Screenshot Rolling Stone Magazin General McChrystal

Насловната страна на магазинот „Ролинг стоун“ со спорното интервју на Меккристал

„Главна цел на Меккристал мора да биде да го увери претседателот Обама и Белата куќа дека ќе биде покорен, нема веќе да дава изјави и дека ќе си ја заврши задачата што му ја дал претседателот и тоа во зацртаниот рок.“

Покорна работа и молк

Задачата за која станува збор е разбивањето на структурите на Ал Каеда и на Талибанците, со што треба да се отвори патот за повлекување на американските војници од Авганистан, почнувајќи од средината на наредната година. Обама, пак, порача дека при донесувањето на одлуката за спорниот генерал ќе води сметка и за положбата на американските војници кои се стационирани во Авганистан.

„Таму имаме млади мажи и жени, кои многу се жртвуваат. Одлуката што ќе ја донесам во врска со генералот Меккристал ќе зависи потполно од стратегијата што ги оправдува огромните жртви на овие млади луѓе!“

Автор: Албрехт Циглер / Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Поврзана содржина