Крај на кариерата на австралиската премиерка? | Свет | DW | 26.06.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Крај на кариерата на австралиската премиерка?

Австралиската премиерка Џулија Гилард ја загуби внатрепартиската битка за власт против својот претходник Кевин Рад и се наоѓа пред политички крај. Се очекува таа да даде оставка на премиерската функција уште утре.

Првата жена-премиер во историјата на Австралија денеска (26.06) загуби при гласањето доверба за претседателското место во нејзината Лабуристичка партија со освоени 45 гласови наспроти 57, колку што освои 55-годишниот Кевин Рад. Претходно, 51-годишната Гилард најави повлекување од политиката во случај да загуби при гласањето доверба за челната позиција во партијата. Се очекува таа да даде оставка уште утре.

Рејтингот на Гилард кај народот, според вчерашна анкета, стигна до рекордно ниска вредност, поради што нејзината партија стравуваше од пораз на парламентарните избори, закажани за 14 септември. Тоа беше причината што повеќемина пратеници претпочитаа враќање на Кевин Рад, кого Гилард во 2010 година го истисна од функцијата. Популарниот политичар изјави-стои на располагање, но претходно формално Гилард треба да даде оставка.

Australien Kevin Rudd 26.06.2013

Кевин Рад најверојатно пак се враќа на премиерската функција

Внатрепартиската критика во поглед на нејзините лидерски квалитети ја натера Гилард последен пат во март, на општо изненадување, да ја стави на проба довербата како лидер. Пратениците од нејзината партија тогаш и‘ ја дадоа довербата, а немаше друг противкандидат. Нејизниот претходник на функцијата Кевин Рад во тој момент не можеше да се реши да настапи против партиската шефица, повикувајќи се на своето ветување дадено по неговото разрешување во 2010 година-да не се кандидира против Гилард.

Кевин Рад инаку беше австралиски премиер од 2007 до 2010 година. Неговата влада во 2008 година за време на светската финансиска кризаспречи рецесија во Австралија.