1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Крај на ЗОИ во Сочи

22-те Зимски олимписки игри во Сочи завршија со спектакуларна манифестација на Олимпискиот стадион, на кој настапи и балетот Бољшој, а на крајот имаше и огромен огномет.

Зимските олимписки игри во Сочи, вчера свечено беа затворени на Олимпискиот стадион Фишт. Игрите во Сочи беа 22-ри по ред, на нив учествуваа околу 3.000 спортисти од 88 земји, меѓу кои беа и тројца од Македонија.

Игрите во Сочи беа први кои се организираа во Русија, откако во 1980. година Москва како престолнина на поранешниот СССР беше домаќин на Летните олимписки игри.

Церемонија на свеченото затворање на игрите, на која присуствуваа 40.000 гледачи, заврши со спуштањето на олимпиското знаме и гаснењето на олимпискиот оган.

Игрите кои ги организираше Русија беа најскапите во историјата, во нив биле вложени преку 50 милијарди долари, а според челниците на Интернационалниот олимписки комитет минале без ниту еден инцидент.

„Се‘ што ветија домаќините тие во Сочи го исполнија. Му се заблагодарувам на рускиот претседател Владимир Путин кој лично се ангажираше во организацијата на Игрите. Ги прогласувам ЗОИ во Сочи за затворени и ве поканувам на следните во Јужна Кореја“, рече претседателот на Интернационалниот олимписки комитет, Томас Бах.

Спортистите во Сочи се натпреваруваа во 15 спортови и 97 дисциплини, на крајот најуспешни беа домаќините. Русија освои вкупно 33 медали (13 златни, 11 сребрени, 9 бронзени). Според бројот на освоени златни медали зад Русија следуваат Норвешка (11,5,10) и Канада (10,10,5).

Следните 23-ти Зимски олимписки игри ќе се одржат во Јужна Кореја, од 9.до 25.февруари 2018 година.