1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Крај на ерата на Сакашвили во Грузија

По десет години на власт грузискиот претседател Михаил Сакашвили си заминува од функцијата. Граѓаните бираат нов претседател, а земјата е пред двоен, нов почеток.

Во Грузија завршува една ера. В недела (27.10) граѓаните ќе изберат наследник на Михаил Сакашвили, кој нема право да се кандидира за нов мандат.

Сакашвили ја промени Грузија, како ретко кој пред него. Пред десет години тој беше предводник на ткн. „Розова револуција“. Грузија беше првата поранешна советска република во која дојде до промена на власта по граѓански протести. Една година подоцна следуваше Украина. Повод беа сомнежите за неправилности на парламентарните избори на почетокот на ноември 2003. Во Тбилиси беа организирани масовни протести. Три недели подоцна Сакашвили и други опозициски лидери го принудија тогашниот претседател Едуард Шеварнадзе на оставка. Со рози в рацете тие насила влегоа во парламентот. Во јануари 2004. Сакашвили победи на предвремените парламентарни избори и почна да го менува ликот на земјата. Курсот на земјата се промени во правец кон Западот.

Пресврт по загубената војна со Русија

Денес овие промени се јасно видливи и се чувствуваат. Сакашвили радикално го промени државниот апарат и им даде шанса на младите. Му појде од рака да се пресмета со корупцијата во полицијата и во пониските ешалони. Тоа го признаваат и неговите критичари.

Надворешно-политички, Сакашвили се дистанцираше од Русија и се приближи

Neuer Premierminister Georgien Ivanischvili

Бидзина Иванишвили

до САД. Со помош на Вашингтон ги реформираше безбедносните сили. Се надеваше и на брз влез во НАТО, но безуспешно. Западот бараше реформи, но со текот на времето критиките стануваа сѐ погласни дека Сакашвили владее авторитарно. По загубената војна со Русија околу сецесионистичката провинција Јужна Осетија во август 2008. популарноста на Сакашвили потона.

Неговиот политички залез беше јасен пред една година, кога неговата партија на Националното движење за единство убедливо ги загуби парламентарните избори. Победата ја однесе мултимилионерот Бидзина Иванишвили со партијата Грузискиот сон, и оттогаш е на чело на владата. За главен фаворит на претседателските избори важи кандидатот на владејачката партија Георги Маргвелашвили. Тој досега беше министер за образование во владата на Иванишвили. Маргвелашвили е голем фаворит за победа на изборите, анкетите прогнозираат дека ја има поддршката на околу 50 проценти од граѓаните. За второто место, далеку зад него, се борат кандидатот на партијата на Сакашвили, Давид Бакрадзе, и поранешниот парламентарен спикер Нино Бурчанадзе.

Помали овластувања за новиот претседател

Но, без разлика кој ќе победи на изборите, идниот претседател ќе има далеку помали овластувања. Во сила влегуваат уставните промени со кои голем дел од овластувањата на претседатело преминуваат во рацете на премиерот.

Со нетрпение се исчекува и што ќе се случува со Михаил Сакашвили по промената на власта. Во владејачката партија веќе се заговара обвинение против него поради нападите врз демонстрантите минатата година. Неколку високи функционери на поранешната влада веќе се најдоа зад решетки. Поранешниот премиер Вано Мерабишвили е во притвор под обвинение за

Georgi Margwelaschwili Georgien vor Präsidentschaftswahlen

Георги Маргвелашвили

корупцијата. Критичарите велат дека обвиненијата се политички мотивирани. И ЕУ изрази загриженост.

По претседателските избори, ќе има и уште една промена во политичкиот врв во Грузија. Премиерот Иванишвили вети дека ќе ја заврши политичката кариера, откако ќе го урне режимот на Сакашвили. Кон крајот на ноември, една недела по инаугурацијата на новиот претседател, тој најави дека си заминува од функцијата.