1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Крај на бракот Дајмлер-Крајслер

Автомобилскиот концерн Дајмлер Крајслер по десет години го раскинуваат бракот. Централата на концернот во Франкфурт објави дека ќе продаде 80% од групацијата Крајслер, на фирмата Цербериус Капитал Менаџмент. Станува збор за зделка вредна 7,4 милијарди долари. 19,9% од новиот Крајслер Холдинг ќе остане во сопственост на Дајмлер Крајслер. За промена на името на компанијата во Дајмлер АГ ќе одлучат акционерите.