1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Крајно време да се делува

Во Бали започна жешката фаза на светската конференција за климата. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун со драматичен апел предупреди дека е дојдено време за справување со климатските промени кои добиваат на замав

default

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун ги повика учесниците на конференцијата за клима во Бали, до 2009 година да постигнат согласност за договор кој ќе го наследи протоколот од Кјото кој завршува во 2012 година. На церемонијата на отворање на самитот кој во последните три дена ќе се одвива на највисоко министерско ниво, Бан опомена на фер поделба на товарот помеѓу индустриските и земјите во развој:

„ Ако во Бали не постигнеме пробив за заштитата на климата, нема да потфрлиме само во очите на властите туку на сите оние кои овде не гледаат, луѓето од целиот свет кои очекуваат решение„ рече Бан и додаде:

„ Климатските промени не погодуваат сите, но не подеднакво. Оние кои се наујмалку подготвени за борба се најтешко погодени. Оние кои најмалку придонесоа за проблемот соочени се со големи последици. Имаме етичка обврска ова праведно да го зџапишеме„ изјави Бан Ки Мун

Критика на адреса на САД

Германскиот министер за екологија Зигмар Габриел го критикуваше ставот на САД и побара тие да утврдат јасна цел за намалување на јаглерод диоксидот. Тој нагласи дека е тешко да се претстави дека на конференцијата ќе биде донесен план за дејствување без цел. До 2050 година неопходно е двојно намалување на емисијата на штетни гасови. Затоа индустриските земји мораат да гарантираат дека до 2020 година ќе ја намалат емисијата на ЦО2 за 30%, изјави Габриел

Претседавачот со конференцијата, министерот за екологија на Индонезија Рахмат Витолер исто така предупреди на опасноста за малите земји:

„ Присуството на толкав број лидери на земји, од малите островски земји, треба да не потсети дека тие се наоѓаат на првата линија во борбата против климатските промени.