1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Крах на берзите

Германски ДАКС денеска падна за нови 300 поени. Вчера со загуба од преку 7 проценти го доживеа најголемиот пад по терористичките напади во САД од 11 септември 2001 година. Коментар на Хенрик Беме:

default

Пред само два-три месеца оваа бројка беше 8000!

Ова мораше да се случи, само што никој не можеше да каже кога. И сега сезнајковците се уште трагаат по одговор што можеше да ја предизвика оваа криза на берзите. Зашто вистински повод за „црниот понеделник„ не може да се открие. Берзите се често ирационални, зашто ако некој притисне врз копчето за продажба, тоа го прват и сите други што се претвора во домино ефект. Колку повеќе паѓаат курсевите, толку повеќе скокаат компјутерските програми и – продаваат и натаму. Гласните извици, или дури паничната атмосфера, одвај можат да се запрат.

Мораше да се случи.

Многумина, со оглед на прекрасните рекордни нивоа на германски ДАКС и на американскиот ДОУ - ЏОНС, ја пикаа главата во песок. Никој не сакаше да слушне лоши вести. Ниту во минатото лето кога американските банки за недвижности мораа да ги коригираат пресметките, ниту кога првите опасни пораки го прескокнаа Атлантикот и стигнаа во Европа. Кога шефот на американската инвест-банка Биар Стирнс изјави дека во неговите 20 години работа, не видел таква катастрофа, сите продолжија ккао ништо да не се случило. А, токму тогаш почна да се урива градбата - како куќа од карти. Всушност, кога во минатиот петок дојдоа најавите од Белата куќа за огромна конјунктурна програма, а берзите практично ги негираа, веќе можеше да се види бурата што доаѓа.

Што сега?

Малите акционери сега си го поставуваат прашањето: што сега? Во минатата година многумина во Германија ги повлекоа своите пари од акциите и ги вложија на други места. Очигледно беше научена лекцијата дека кога нешто е најубаво тогаш треба и да се напушти. Сега дефинитивно е предоцна. Сега девизата гласи: покриј ја главата додека не мине бурата, а потоа да се види колкава е вистинската штета. Коректурата беше неопходна. На пример за германската берза која растеше шест години по ред: само во минатата година преку 20 проценти. Најважниот германски берзански барометар сега е на нивото што експертите го предвидуваа за минатата година. Коректура од 10 до 20 проценти: може да звучи лошо, но не станува збор за судниот ден.

Невидена алчност

Сега дојде времето за големото чистење, односно за расчистување. Финансиските институции, пред се поради нивната безгранична алчност, повторно ги затегнаа лаците. Измислуваа се понови, компликувани модели како натаму да се збогатуваат преку финансиските ризици. Се’ стана толку непрегледно, што малку кој можеше да има увид. Се разбира, сега многумина рефлексно ги повикуваат државите и бараат нови закони. Меѓутоа, пазарот располага со моќ самиот да се расчисти и токму тоа го прави. Иако, малку поголема контрола врз неизмерната алчност нема да штети. За сите што имаат чивт повеќе или помалку акции сега е важно да го сочуваат мирот. Се уште не е измислено нешто друго со што може да се обезбеди добра добивка, како со хартии од вредност. И кога се’ малку ќе се потсмири, ќе стигне и утехата. Многу акции на вистина добри фирми повторно ќе можат да се добијат по фер цени. Значи, покрај малку ситни пари, пред се треба да се имаат добри нерви.

Хенрик Беме