1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Крах на берзите

Вчерашниот крах на берзата во Кина во целиот свет предизвика намалување на курсот. И тоа не само во Хонгконг каде што настапуваат голем број акционери што инвестираат во оваа земја, туку и во Германија каде што берзата во Франкфурт вчера загуби поеќе од два процента. Најмногу загубија браншите силно поврзани со Кина.

Берзата во Шангај на црвен аларм

Берзата во Шангај на црвен аларм

На пример челичната: Тисен Круп претрпе загуба од пет проценти. Волстрит во Њујорк вчера го доживеа најцрниот ден по терористичките напади од 2001 година. Денешниот ден во Шангај донесе извесно смирување:

Во вестите од Кина доминира крахот на берзата. Атмосферата во кинеската стопанска метропола на половина копје, но нема паника. Водечкиот индекс кој вчера го даживеа најголемиот пад во последните десет години од скоро 9 проценти, се стабилизира. Новиот минус од 1,3 проценти на почетокот од работата, за неколку минути се порамни и дури порасна за еден на износ од 2 илјади и 800. Лиу Кан, економски коментатор на кинеската телевизија:

„Краткорочниот пад нема да го задржи пазарот натаму да расте. Акционерите оваа ситуација мораат да ја посматраат од друг агол„.

Повеќе од половината акции вчера загубија и по десет проценти - по правило повеќе и не е можно во еден ден. Тргувањето предвреме беше запрено. Посебно тешко беа погодени голем број мали акционери кои профитираа од бумот од преку 130 проценти во една година. Еден од нив е Ванг Линг, службеник во една германска фирма:

„Јас имам две акции. Едната падна за десет проценти, другата допрва треба да се докаже. Јас останав мирен, зашто и самиот мислев дека курсевите пребгу растат. Еден ден мораше и ова да се случи. А, исто така мислам дека токму сега треба да се купат акции, зашто во иднина ќе биде уште подобро„.