1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Крах на берзите и паника поради можна стопанска рецесија во САД

Дилемите - ќе западне ли американското стопанство во рецесија и колку силно ќе се одрази тоа врз економиите на другите земји – ги предизвикаа сегашните турбуленции на финансиските пазари во светот.

default

Најавата на американската влада дека со даночни растоварувања во износ од 145 милијарди долари сака да спречи рецесија и да му даде импулс на стопанството пред се’ преку поттик на потрошувачката, очигледно не ги разубеди скептичните берзански акционери и дојде до речиси панична продажба на акции.

Експертите не гледаат во ова директен одраз на кризата на вредностите на недвижнините врз реалното стопанство. „Наоколу се’ повеќе се шири страв од рецесија на американското стопанство и тоа предизвикува голема несигурност. Може да се каже дека во моментов имаме панична реакција“ – вели Фидел Хелмер, раководител на трговијата со хартии од вредност во банката Хаук и Ауфхојзер. Паниката сепак не е сосем без основа, оти ако подзастане конјунктурата во Америка, ќе биде забавен и стопанскиот пораст во Азија. САД се најголем извозен пазар за Јапонија и ако таму опадне потрошувачката, тоа веднаш болно ќе го почувствуваат Јапонците.

Драстичен пад германската берза - министерот за стопанство сепак оптимист

И во Германија со загриженост се гледа кон Америка. ДАКС, најважен барометар на акциите во Германија, во изминатите пет години оствари натпросечен пораст, а од почетокот на годинава веќе забележа пад од 12 насто.

Südkorea Aktienkurs sinken Börse in Seoul Finanzkrise USA

Само вчера на моменти падот изнесуваше и до седум ипол проценти. Но, берзанските акционери овде се загрижени и од вестите за големи загуби на некои од домашните банки. „Всушност, сега сме на нивото што беше цел на курсот на берзата за 2007-ма година и, така погледнато, падот би требало да запре. Но, можен е и натамошен пад“ – вели Фидел Хелмер.

Германскиот министер за стопанство Михаел Глос искажа увереност дека ќе продолжи конјунктурниот развој: „Се разбира дека има повод за нервоза, но на друга страна европското стопанство е добро поставено. Големите земји во подем и натаму бележат висок пораст и не сметам дека ќе дојде до општа депресија, туку побргу гледам повторно шанси за пораст на светската економија“.

Европските стопанства се помалку зависни од американското, но влијанието не е исклучено

Министрите за финансии од земјите на зоната на еврото се загрижени, но се надеваат дека овие држави ќе можат релативно добро да излезат на крај со сегашнава криза. Европскиот комесар за монетарни прашања Хоаки Алмуниа вели: „Нашите стопанства веќе не се толку силно зависни од американското, колку порано. Се разбира, и ние можеме да бидеме погодени од турбуленциите на финансиските пазари и со тоа поврзаната криза на довербата. Поради тоа се надевам дека мерките што ги најавија американската влада и тамошната централна емисиона банка ќе ги ограничат ризиците“.

Japan Wirtschaft Börse Kurssturz in Tokio

Стопанските податоци во Европа и натаму се добри, се чини дека овдешните претпријатија можеа да ги амортизираат и турбуленциите предизвикани од американските хипотекарни кредити. До вчерашниот ден и загубите на европските берзи се движеа во подносливи граници. Шефот на евро-групата, луксембуршкиот премиер и министер за финансии Жан-Клод Јункер синоќа рече: „Мојата вечерашна порака е дека не треба претерано да реагираме на настаните на берзите. Прво треба во наредните денови да видиме што беше ирационално, а што оправдано во падот на курсовите“.

И покрај тоа што фундаменталните економски податоци за европското стопанство се добри, за прв пат и од зборовите на Јункер прозвучи дека веќе ни во Европа не може целосно да се исклучи влијание од економскиот застој во САД.