1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Крах меѓу Лондон и Еквадор поради Асанж

Британските власти се закануваат со упад во еквадорската амбасада во Лондон, со цел апсење и екстрадирање во Шведска на Џулијан Асанж, основачот на Викиликс. Пред амбасадата има и полиција и приврзаници на Асанж.

Еквадор доцна синоќа (15.08.2012) информираше дека британските безбедносни сили се закануваат со влез во амбасадата во Лондон за да го уапсат основачот на Викиликс Џулијан Асанж. Лондон предупредил усно и писмено за таквата акција, ако Асанж, кој побегна во амбасадата за да избегне екстрадиција во Шведска, не биде предаден, информираше еквадорскиот министер за надворешни работи Рикардо Патињо.

БиБиСи го цитираше портпаролот на британското Министерство за надворешни работи дека земјата го потсетила Еквадор „во текот на процесот“ на „релевантни одредби" во законот. Тој изјави дека тие вклучуваат „обемни заштитни мерки на човековите права во постапките за екстрадиција", како и можноста за одземање на дозволата за дипломатски статус на просторот во амбасадата. Британските власти остануваат посветени на исполнувањето на обврската за екстрадиција на Асанж, нагласи портпаролот на Форин офисот.

Ecuadorianische Botschaft in London

Еквадорската амбасада во Лондон

Веб страницата Викиликс денеска „на најостар можен начин“ ја осуди британската закана за упад во еквадорската амбасада во Лондон. „Непријателски и екстремен“ напад врз барателите на азил, вака ја квалификува Викиликс намерата на британските власти.

„Заканата од ваква природа е непријателски и екстремни чин, кој не е соодветен на околностите и е невиден напад на правата на лицата кои бараат азил ширум светот", пишува Викиликс, чиј основач се наоѓа во еквадорската амбасада во Лондон од јуни годинава. Викиликс информира дека амбасадата е опколена со полиција, која „се заканува дека ќе покаже сила“. Според веб страницата, упадот во амбасадата ќе биде „едностран и срамен акт, со кој ќе се прекрши Виенската конвенција, којашто ги заштитува амбасадите ширум светот“.

Ecuadorianische Botschaft in London

Полиција пред еквадорската амбасада во Лондон-спорот се заострува

Еквадор веќе изрази загриженост дека Асанж би можел да биде испратен во САД, каде би се соочил со обвинувањата за објавување на строго доверливи американски документи. Еквадорскиот претседател Рафаел Кореја во понеделникот изрази загриженост дека Асанж во САД би можел да се соочи дури и со смртна казна. Заканите за упад во амбасадата дојдоа пред најавената за денеска одлука на Еквадор за барањето на Асанж за добивање азил во земјата.

Тој во Шведска не се бара поради објавувањето тајни документи, туку поради обвиненија за сексуален напад. Асанж тврди дека таквите обвиненија се политички мотивирани. Неговата мајка денеска изјави дека зад британската закана се кријат САД.

„Она што го сакаат САД, тоа и го добиваат од своите сојузници, без оглед на неговата правна и етичка основа или, пак, дали со тоа се кршат човековите права“, изјави мајката на Асанж во Австралија.

Приврзаниците на Асанж се организираат преку социјалните мрежи за да се соберат пред еквадорската амбасада во Лондон и, како што велат, да ја одбранат слободата на Асанж. Тие случувањата пред амбасадата почнаа да ги пренесуваат во живо преку интернет.