1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Кран падна врз покрив на супермаркет, загина најмалку едно лице

Врз покривот на еден супермаркет од ланецот „Алди“ во германскиот град Бад Хомбург денеска (11.12) падна кран. Притоа загина најмалку едно лице, а повредени се повеќемина.

Кранот падна врз објектот на „Алди“ денеска околу 11:30 часот, во време кога супермаркетот имало околу 30-тина купувачи, соопшти полицијата. Првите резултати од истрагата покажуваат дека при уривањето на покривот на супермаркетот загинало најмалку едно лице. Телото на загинатата 46-годишна касиерка се‘ уште е затрупано во пределот на касите. При падот на кранот се повредени други пет лица, од кои двајца тешко. Повредените се пренесени во болница, а според информации на Хесише Рундфунк, меѓу нив има муштерии, вработени во „Алди“, како и возачот на кранот.

Спасувачките екипи во моментов се обидуваат да го подигнат кранот. Поради опасност од уривање на објектот, местото на несреќата не може да биде истражено во целост, соопшти полицијата. Поради тоа се‘ уште не може да биде извлечено ниту телото на загинатата. Не се исклучува зголемување на бројот на жртвите. Зошто и како дошло до несреќата засега е нејасно.