1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кралство на современата уметност

250 галерии од 26 земји на саемот Арт – Колоњ во Келн го прикажаа своето богатство на дела од класичната модерна , поп артот и уметноста на контрастот .

default

„Добредојдовте во кралството на модерната уметност“. Иако ваков натпис не стоеше на влезот на салите на саемот во Келн, каде што се одржуваше Арт-Колоњ најстариот саем на уметноста во Европа , веќе самото пречекорување на прагот значеше почеток на авантура која води од првиот до последниот тренд во современото уметничко творење.

Од 28 октомври до 1 ноември преку 80 илјади посетители во саемските хали 9 и 10 во келн можеа да ја доживеат авантура во кралството на современата уметност, некои поведени од љубовта кон уметноста , некои од бизнис причини , а некои и од практичната потреба да се има нешто убаво во рамка над каучот во дневната соба .

И без оглед на причините , тие крстосуваа низ изложбените лавиринти премрежени со слики , видео-арт и инсталации , подготвени да брцнат длабоко во џебот доколку налетаа на нешто што ја задоволуваше или потикнуваше нивната естетика.

Го посетив Саемот на последниот ден , и бев воодушевен од одличната композиција на бизнис и уметност , на творештво и конзум .

Речиси сите таму зборуваа за успех на овогодинешниот 39-ти по ред арт колоњ со оглед дека манифестацијата по долги години се премести на нова локација . Разговарав со уметничкиот директор на саемот, Герард Гудроу кој истотака се сложува со тоа а ми ги објасни и причините за успехот:

„Од една страна ние профитираме од меѓународниот бум во уметноста што значи дека целиот успех не се должи само на тоа што ние сме го направиле односно тој ќе се случеше секако . Но мислам и дека промената на нашата локација значеше дека по 30 години нудиме нешто ново – за секој посетител ова практично беше еден нов саем .

Мислам дека успехот се должи и на тоа што ние повеќе не ги организираме галериите врз основа на нивната важност туку дозволуваме повеќе демократија“

Како и на секој саем , и на во овој можеа да се насетат трендови . И за нив секако најдобро објаснение може да се добие од уметничкиот директор Гудроу:

„Оваа година на Арт Колоњ најважниот тренд го покажува она што се случува, она што е најактуелно на меѓународниот пазар на уметнички дела , а тоа е фигуративната слика. Овде има дела кои ја претставуваат во моментов многу популарната школа од Лајпциг .Позитивната страна на оваа популарност што и останатите фигуративни сликари добиваат повеќе внимание. Цените на ваквите слики достигнуваат цена меѓу 5 и 30 илјади евра . И тоа се одвива добро. Она што не оди добро се апстрактните слики и тоа се должи пред се на актуелниот тренд на популарност на фигуративните слики , но секако тоа може да се промени во наредните години“.

Меѓутоа тренд на овој саем за жал беше и фактот што тој дефинитивно оддаваше впечаток на „Западен клуб“. Имено по два часови минати меѓу штандовите на саемот , што рака на срце беше незаборавно искуство, забележав или подобро кажано не забалежав видливо присутво на галерии изложувачи од источна или пак југоисточна Eвропа. Добро. Забалежав една и тоа од Вилнус Литванија .

„Ние доаѓавме овде во Келн , три години по ред на саемот Кунст Келн , што е помал саем, но од истите луѓе кои го организираат арт колоњ. Наша цел беше да влеземе меѓу излагачите тука и по три години се пријавивме за секцијата нова современа уметност на арт колоњ и на наше изненадување барањето ни беше прифатено.- вели Лаура Руткуте од галеријата од Виљнус, која објаснува зошто галериите од Источна Европа не можат да обезбедат штанд на келнскиот Саем :

„Мислам дека постојат неколку причини . Едната од нив е дека не постојат толку многу галерии за современа уметност во овие земји. Во Литванија на пример има само неколку, а и во останатите балтички земји таа бројка е истотака мала. Втората причина е што штандот тука е многу скап а источно европскиот пазар за уметнички дела не е доволно голем, така што галериите немаат доволно сретства да платат, за присуството тука.А уште една причина е тоа што овде многу тешко се обезбедува штанд , конкуренцијата е голема“.

На ова се надоврзува и објаснувањето на уметничкиот директор Гудроу :

„Тоа е проблем на интернационално ниво . Оваа есен бев во берлин, во Лондон и во Париз и на повеќето од овие саеми се забележува многу малото присуство од овој регион . Тоа во еден дел зависи од тоа каква уметност се произведува , што значи дека секако западните Европејци и Американците ги сакаат сопствените работи и кога некоја уметност доаѓа од друга земја , сеедно дали е од Источна Европа или од Азија ним им треба време да се навикнат на таа поинаква естетика . Вториот проблем е дека како резултат на ова што го споменав , галериите таму заработуваат помалку пари така што доаѓањето во келн може да биде многу скапо за нив . Значи не само киријата што треба да ја платат за штандот дуку и транспортот на уметничките дела“ .

Гудроу меѓутоа најавува дека во наредните години организаторите на арт колоњ ќе направат поголеми наори да привлечат излагачи од што повеќе земји:

„Ние се обидуваме да пронајдеме начини да работиме со различни влади и различни спонзори за да го олесниме пристапот на тие галерии во Келн. Ние зборуваме со различни економски и министерства за култура од различни земји , особено оние земји од каде што навистина имаме мало или речиси никакво присуство на Саемот , да видиме дали може да се обезбеди финансиска подршка за галериите, како на пример во Шпанија , каде што галериите добиваат субвенции кога доаѓаат во келн . На овој начин се обидуваме да ги убедиме земјите дека е добро кога нивните галерии и нивната уметност е претставена во келн. Другиот начин е контактот со спонзорите од тие региони , компаниите и банките на кои им велиме дека можат да ја искористат ваквата платформа и за претставување на нивните производи и услуги“.

Тоа ќе биде од навистина добар потег- вели Лаура Руткуте - со оглед дека саемите како овој Келнскиот имаат навистина благодарна публика или подобро кажано учена и богата публика :

„Ние сме многу задоволни од реакцијата на луѓето , многу посетители , многу добри коментари а тоа е важно со оглед дека публиката тука како што можевме да видиме е од висок квалитет- претставници на музеи куратори во галерии итн“.