1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кралска принова за Британците во 2013

Во минатата година Британците се противеа на плановите за спас на европската валута и се закануваа со излегување од Унијата. Освен со ЕУ, годинава тие ќе се занимаваат и со приновата во кралското семејство.

Медиумската помпа околу болницата „Крал Едвард“ во Лондон во последниот месец од 2012 година беше голема. Веројатно најпрочуениот иден татко во светот, принцот Вилијам, беше следен во чекор додека ја посетуваше својата сопруга Кејт. Таа мораше да биде надгледувана, оти од бременоста имала силен нагон за повраќање. За неа се грижеше не само тимот од лекари, туку кон неа е свртен погледот и на половина од светот и на цела Британија.

„Воодушевена сум, оти мислам дека е таа сосем нормален човек во тоа кралско семејство и се надеваме дека таква и ќе остане. И’ посакувам убава бременост.“, вели Каролин Харви од Лондон. Нејзиниот сограѓанин Ешли Џил се надоврзува:

„Ова е фантастична новост, добра за кралското семејство. Нова ера, нов наследник.“

Во редоследот на наследниците детето на Кејт и Вилијам ќе биде на трето место и еден ден може да го заземе кралскиот трон. Тоа веројатно и ќе го засили сјајот што зрачи од неговите родители - се’ едно дали како љубовна или брачна двојка, по што тие отскокнуваат од остатокот на семејството Виндзор.

Ќе потрае уште неколку месеци, додека кралското првенче да дојде на свет, но Британците веќе сега се обложуваат во однос на неговото име. Фаворити меѓу имињата се Џон, Чарлс или Џорџ, односно Викторија, Ен и, се разбира, Дијана.

Дизајнерката Лидија Лит неодамна промовираше хартиена т.н. „кеса за кралска мачнина“. Нејасна е намената - да и’ се помогне на Војводката од Кембриџ или, пак, да се исмее целата медиумска помпа околу бебето?