1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кралот на „Балканскиот поп“

Германскиот поп-музичар Шантел со неговиот поп бенд „Буковина“ ги урива преостанатите културни и национални бариери во Европа.

default

Шантел алијас Штефан Хантел

Веќе насловот на новиот албум „Планета паприка“ открива дека станува збор за добро зачинета мешавина од поп, ска и балкански мелодии. На младиот музичар Шантел очигледно му појде од рака да ги спои музички Истокот и Западот на Европа, но и Северот и Југот и со тоа да создаде нов централноевропски музички правец.

По трагата на корените

За тоа како еден Германец дошол на идеја да поврзе старовизантиска и турска музика со модерниот тренд, најдобро раскажува самиот автор: „Мислев дека во мојата глава има уште некоја тајна, што конечно сакам да ја разоткријам, имено со тајна обвитканиот регион на Буковина и градот Черновиц, родниот град на моите дедо и баба по мајчина линија...“, раскажува Шантел за регионот меѓу Романија и Украина, што бескрајно го фасцинирал. „Треба да си замислите дека во овој регион Буковина многу добро се измешани различните религии, култури и националности.

DJ Shantel & Peter Maffay

Шантел со многу попопуларниот пеач Петер Мафај

Овде не се случувала борба меѓу културите, немало такви ситуации во кои некоја група доминирала и ги потиснувала другите, туку сите добро излегувале на крај едни со други, а музиката служела како мост меѓу различните култури“, објаснува Шантел.

Пораката стига на вистинска адреса

Ваквото настојување да ги урне бариерите со помош на музиката и да ги зближи луѓето, беше присутно веќе во неговиот претходен албум, „Диско партизани“. Посетителите на неговите концерти се чини ја разбираат пораката:

„Станува збор за тоа луѓето да сфатат дека се еднакви и дека бојата на кожата или националната припадност не играат никаква улога. Тоа се чувствува по музичкиот стил дека сите луѓе се еднакви.“

„Тој им ја приближува балканската музика на луѓето овде на Западот и тоа е важно, Европа да се обедини, а не да остане поделена.“

Интересно е што Шантел, алијас Штефан Хантел, и текстуално ја следи оваа порака за надминување на границите во Европа во сонговите за најновиот албум „Планета паприка“. Тој зборува за укинување на визи и за планета без контроли и национални влади.

Автор: Тини фон Позер/Горан Чутаноски

Редактор: Жана Ацеска