1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кралицата се ракуваше со поранешниот лидер на ИРА

Британската кралица Елизабета втора и поранешниот лидер на ИРА Мартин Мекгинис направија историски гест на помирување. На средбата во Белфаст Мекгинис и кралицата Елизабета се ракуваа.

Досега кралицата, која формално е врховен командант на британските вооружени сили, беше третирана како непријател од страна на северно-ирските републиканци. Мекгинис важи за еден од главните стратези на Ирската републиканска армија, која се бореше за отцепување на Северна Ирска од Велика Британија. Мекгинис своевремено беше прогласен за „државен непријател број еден“ од страна на британските медиуми.

Кралицата и Мекгинис се сретнаа приватно во театарот Лирик во Белфаст. Медиумите беа попречени да го регистрираат првото ракување, но двајцата половина час подоцна повторно се ракуваа пред една телевизиска камера и двајца фотографи. Нагласувајќи ја чувствителноста на настанот, не беше дозовлен пренос во живо на слика или звук. Пред зградата на театарот полицијата ги затвори сите улици, а на жителите им кажа да останат во своите домови.

Видео-снимките без звук го покажаа Мекгинис како со сериозно лице влегува со рацете зад грбот, одејќи зад Кралицата, која се сретна со поетот Мајкал Лонгли и пијанистот Бери Даглас пред новите портрети нацртани за нив и останати уметници од Белфаст.

Händeschütteln der Queen und ehe. IRA Chef Martin McGuiness in Belfast

Ракувањето беше повторено пред една камера и двајца фоторепортери

Мекгинис изјави дека и рекон на Кралицата на галски: „довидување и многу среќа“, по што и’ ја превел фразата. Таа не одговорила ништо. Само се насмеала и слушала.

Овој настан го одбележува последниот, и можеби краен момент, во дводеценискиот мировен процес во Северна Ирска, кој донесе серија на некогаш незамисливи компромиси. Настанот е значаен, бидејќи постои горчлива историја меѓу Британската круна и ирските националисти, а во Северна Ирска 30 години се водеше граѓанска војна меѓу проирските републиканци и пробританските протестанти.

Во 1979-та година ИРА разнесе јахта на која се наоѓаше лордот Луис Маунтбатен, внук на кралицата на западниот брег од Република Ирска. Конфликтот во Северна Ирска, кој започна во доцните 60-ти години на минатиот век, однесе повеќе од 3.500 животи.

Се проценува дека денешната средба може да даде значаен придонес во, како што се нарекува, комплексниот мировен процес во Северна Ирска, кој започна со договор од 1998-ма година. Мекгинис, поранешниот командант на некогашната ИРА, сега е заменик-премиер во регионалната влада на Северна Ирска.