1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кралицата Елизабета Втора прославува дијамантски јубилеј

Кралицата Елизабета Втора официјално го прославува 60 годишниот јубилеј. Велика Британија четири дена ја слави својата монархиња.

default

.

Од денеска во наредните четири денови Велика Британија го прославува 60 годишниот јубилеј на кралицата Елизабета Втора. Прославата почнува со традиционалната посета на кралицата на коњички трки во Ипсом на југот на Англија.

Königliche Ausfahrt

Четиридневна прослава на јубилејот на кралицата

Кулминацијата на прославата се очекува утре (03.06) со огромна парада со повеќе од 1.000 бродови на Темза. Се планира флотилата да доплови до квартот Челзи и да го заврши своето патешествие на Тауер Бриџ. Во неа се вклучени, чамци на весла, моторни чамци, едрилици и бродови, од различни периоди, конструкции и намени. Најстарото пловило датира од 1740 година, а најновото е изградено оваа година специјално за празникот. Вкупниот број членови на екипажите во флотилата се проценува на 20 илјади луѓе.

Кралицата и нејзиниот сопруг, Филип војводата од Единбург, синот принцот Чарлс, внукот принцот Хари и војводата и војвотката од Кембриџ, внукот Вилијам и Катерина, ќе пловат по Темза на кралскиот брод „Духот на Чартвел" (Spirit of Chartwell), богато украсен со црвени и златни тонови во стилот на речните теглачи од 17/18 век, кога флотилите по Темза биле вообичаени појави.

Flash-Galerie Handschuhe

Кралицата Елизабета, една од најмногу фотографираните жени во светот

Во понеделиник ќе бидат запалени 4.000 факели во Обединетото крлство и земјите на Комонвелтот, а вечерта ќе се оддржи попконцерт пред Бакингамшката палата со ѕвезди како Пол Макартни и Роби Вилијамс.

Во вторник кралицата ќе поседти богослужба и со кочија ќе се вози низ Лондон. Двата работни дена во Велика Британија се празнични.

London Innenstadt Big Ben

Биг Бен ќе го добие името на кралицата?

Во чест на кралицата во Лондoн треба да биде преименувана и кулата ѕвонарник на зградата на парламентот, во светот позната како Биг Бен. За дијамантскиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора 96 метри високата кула официјално треба да го добие името на кралицата. Конзервативниот премиер Дејвид Камерон се вбројува меѓу 331 пратеници, кои се изјаснија за иницијативата, известува „Дејли мејли“. Преименувањето во Кула Елизабета е „соодветна чест“ за монархињата, изјави Камерон. За официјалното преименување на кулата на крајот на јуни треба да одлучи президиумот на парламентот.

60jähriges Thronjubiläum Elizabeth II Montage Krönungsprozession

Елизабета Втора стана кралица на 6. февруари 1952 година

Кралицата Елизабета, која денес има 86 години, по смртта на татко и, стана кралица на 6. февруари 1952 година. Во историјата на британската монархија постои само една кралица која подолго владеела од неа, прапрабабата на Елизабета, кралицата Викторија.