1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кражба и продажба на органи

Трансплантацијата на органи е во развој - техниката станува се‘ подобра, операциите успеваат се‘ почесто. Недостигаат само органи.

default

Во 2005 година, Светската здравствена организација изброи 66.000 трансплантации на бубрези во светот. Би биле потребни десетпати повеќе за да им се помогне навистина на сите болни. Значи, не е чудо што се‘ погoлем број очајници бараат спас во странство. Откако Индија, Кина или Филипини донесоа закони со кои се отежнува донација на органи на странци и се забранува трговија со органи, бизнисот се префрли во Египет. И, во Египет има доволно сиромашни луѓе кои би продале бубрег за да преживеат, или кои дури и би украле орган доколку е потребно.

Судбината на Инги

Инги Хасан била на пат кон еден познаник кога покрај нејзе запрел еден автомобил. Жената зад управувачот прашала каде се наоѓа некое исламско свето место во околината. Инги се наведнала преку прозорецот за на жената да и‘ го опише патот дотаму. Што се случило потоа не знае. Веројатно на 40 годишната Инги и‘ била дадена опивка за да и‘ бидат извадени органи. Ја спасило тоа што има дијабетес.

Körper mit Organen Computergrafik

Бизнисот со органи цути

„Пред вистински да се освестам слушнав шепотења. Една жена рече дека имам дијабетес. Кога бев сосема при свест, се наоѓав во пустината, без пари, без мобилниот телефон, а со шест бодежи од игли по рацете. Освен тоа, имав и две рани на главата од кои крварев.“

Нејзината снаа, додава дека Инги, била удрена за да се онесвести. Инги успеала да се довлечка до најблиската населба и дознала дека е на другиот крај од градот. Се јавила дома и го смирила сопругот и четирите ќерки. Во домот на една селанка чекала да ја земат: „Жената ми помогна да се измијам и рече дека не сум прва, дека овде често наоѓаат трупови и тоа секогаш на исто место, но дека јас сум првата што преживеала.“

Египет е нов пазар за органи

Откако во Индија донација на органи на луѓе што не се во роднинска врска е можна само во исклучителни случаи, а Филипини го легализираше доброволното донирање органи, но забрани продажба или извоз на органи, се чини Египет стана нов пазар на органи. Сиромашните ги продаваат своите органи за да ги отплатат долговите.

EU USA Dollar und Euro

Органите се продаваат за „шака долари“

Честопати добиваат само мал дел од износот што се плаќа за органот и по операцијата се лошо третирани, така што и самите заболуваат. Во еден од случаите, еден посредник успеал да убеди цела група деца бездомници да го продадат едниот бубрег за отприлика 1400 евра. Хани Хилал, од Фондацијата за подобро детство, учествувал во расветлување на случајот и вели: „Две приватни клиники кои ги спровеле трансплантациите, по откривањето на случајот беа затворени. Во ваков случај би било лесно да се најдат одговорните и тие да бидат осудени, но министерството за внатрешни работи се концентрираше на децата бездомници и ги третираше како обвинети, а не како жртви.“

Кризата си го прави своето

Закон што дозволува доброволно донирање органи и забранува продажба или трансплантација на органи кај странци, треба да биде донесен дури на крајот на годината. Целата сфера, во моментов, е сива зона, оценува Хани Хилал: „Се наоѓаме во криза - киднапирање деца, трговија со луѓе, трговија со детски органи. А,

Slum in Ägypten, Kairo, spielende Kinder

Цела група египетски деца продале бубрег за 1400 евра

министерството за внатрешни работи не дава одговор на прашањата на луѓето - ниту ги потврдува, ни ги демантира гласините за да ги смири луѓето. Немаме докази за она што се раскажува. Дури и во случајот кога под еден мост беа најдени седум деца без органи не можевме да најдеме протокол што го водела полицијата. Сега има две можности: или сето тоа е шпекулација или невидлива рака ги крие информациите.“

Инги Хасан уште истата вечер кога била киднапирана се обидела да поднесе пријава. Во станица отишла како што била - облеана со крв. И‘ рекле да дојде за два часа. Никогаш веќе не се вратила во станицата.


Автор: Естер Сауб / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска