1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Крадење податоци во „мрежа”

Потрошувачите законски мора да се заштитени и во интернетот. Експертите сметаат дека потрошувачите треба да имаат право на приговор против објавување лични податоци на интернет и забрана за нивно линк-преземање .

default

„Безбедно пристаниште” е името на спогодбата меѓу САД и Европската унија со која на претпријатијата од ЕУ им се овозможува легално, преку океанот, да трансферираат лични податоци. Меѓутоа, колку небезбедно е во глобалната мрежа и каква е опачината на Интернетот, без кој патем не може да живееме, потврдија скандалите со „Гугл стрит вју” и „Викиликс”. Заради ова и заштитата на податоците во интернет е топ тема чија актуелност и во иднина нема да попушти.

„’Клауд компјутинг’ или крадење од компјутерот е термин кој означува дека податоците не се сигурни. Ниту од аспект на местото каде се меморирани, а уште помалку од гледна точка на одговорноста на оние кои работат со овие податоци. Ова значи дека токму во случај на примената на новите информатички технологии мора да има поголема претпазливост и поголема заштита, односно законска рамка која ќе ги осигура правата на потрошувачите, но и обврските и одговорбноста на фирмите”, вели Петер Шаар, владин ополномоштеник за заштита на податоците.

Тој потсетува на механизмите преку кои функционира глобалната мрежа. Кога еднаш податоците ќе се најдат во мрежата, тешко можат да се отстранат. Ова тешко и‘ појде од рака дури и на големата сила како САД кога беше во прашање „Викиликс”. Според Шаар, и создавањето интернет-профили припаѓа во сферата која треба да се заштити со закон.

IT-Gipfel Dresden NO FLASH

Се бара подобра заштита за идентитетот на потрошувачите

Внимателно со нарачките!

Експертите кои се занимаваат со оваа проблематика, посебно оние кои се грижат за заштита на потрошувачите, се на мислење дека регулативата која ја иницираше министерот за внатрешни работи Томас де Мезије е недоволна.

„Ако ги погледнеме Епл, Гугл или Фејсбук, мој впечаток е дека владеат американските претстави за заштитата на податоците. Дека тие не се наши”, коментира Герд Билен, претседавач на Централата на потрошувачите, кој потсетува на 200.000 приговори за „Гугл стрит вју”, но и за обични искуства од секојдневието кои покажуваат колку мрежата е небезбедна.

На пример, ако еднаш сте пројавиле интерес за обични чевли и сте се регистрирале, во иднина на вашиот мејл редовно ќе стигнуваат реклами од многу други, за што Билен појаснува дека има понудувачи кои собираат податоци од повеќе места, а потоа повратно ги препраќаат до сопственикот на компјутерот кој еднаш направил некаква нарачка. И целосно е нејасно кој ги прибира овие податоци и какви правила владеат!

Затоа експертите предлагаат потрошувачите да имаат право на приговор против објавување лични податоци во интернет, како и право на забрана на прикачување на личните податоци на посебен линк без конкретно одобрение. Се бара и зголемена техничка заштита на податоците кои се пласираат во социјалните мрежи.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска