1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Коњско наместо говедско месо во готовите оброци

Недекларирано коњско месо во замрзнати производи прво беше пронајдено во Велика Британија. Сега и Франција и Шведска ги повлекоа готовите оброци од продажба. Дали такви производи има и во Германија?

Скандалот со готовите оброци на фирмата „Финдус“ се шири. Во Франција „Финдус“ вчера (08.02) од продажба повлече три вида замрзнати јадења: болоњезе-лазањите, мусаката и плескавици со пире. Во Шведска пак, од продажба се повлечени само лазањите.

Познато е дека осомничената фирма доставувач „Комигел“ порано лиферувала и намирници за германскиот пазар. Германските власти сега ги прошируваат контролите.

Проблем не е консумирањето коњско месо, туку означувањето. Потрошувачот треба да знае што содржи пакувањето со замрзната храна. Коњското месо во основа не претставува закана за здравјето, некаде дури тоа се смета и за деликатес.

Британските власти надлежни за контрола на прехранбени намирници - ФСА соопштија дека месото во контролираните лазањи од „Финдус“ стопроцентно било коњско, а на етикетата стоело дека се работи за говедско месо. Контролорите во 11 од вкупно 18 контролирани лазањи нашле коњско, наместо говедско месо. ФСА издаде наредба да се проконтролираат и други замрзнати

Findus Pferdefleisch in Lasagne Großbritannien Frankreich

Фирмата „Финдус“ е во средиштето на скандалот

производи на кои официјално е наведено дека има говедско месо. Синџирите супермаркети Теско и Алди во знак на претспазливост во Велика Британија од продажба повлекоа голем број производи на „Комигел“.

Консумирањето коњско месо во Велика Британија, за разлика од други земји, се избегнува, па скандалот со месо предизвикува бура реакции. Премиерот Дејвид Камерон зборува за „многу шокантен“ индицент кој е „целосно неприфатлив“. Владата најави дека ќе изврши преиспитување на стандардите за животни намирници. Ризик по здравјето на луѓето нема, но ФСА сепак предупреди производите да не се консумираат, затоа што се‘ уште се вршат контроли на месото во однос на тоа дали во него има остатоци од лекови.