1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кој ќе ја плати грчката сметка?

Моментот на вистината се наближува. Земјите од еврозоната размислуваат на Грција да и‘ дадат нови милијарди евра. Во спротивно финансиската криза ќе се продлабочи. Но ММФ е против.

Бројните планови за штедење и реформи не успеаја да го спречат грчкиот колапс. Економијата на земјата тоне толку бргу, што Владата не може да постигне со плановите за заштеди.

Тројката меѓународни кредитори - земјите од еврозоната, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, одлучија на Атина да и‘ дадат дополнителни две години. Според новите рокови, грчкиот дефицит ќе треба да се намали на три проценти од БДП до 2016. година.

Но, пролонгираните рокови креираа нова финансиска дупка од околу 33 милијарди евра. Сега земјите од еврозоната и ММФ влегоа во конфликт околу тоа како да се пополни оваа дупка. Евроземјите би преферирале да и‘ дадат нови заеми и гаранции на Грција, за на тој начин пред домашната јавност да се

Junker und Samaras in Athen

Жан Клод Јункер и Андонис Самарас

правдаат дека не потрошиле пари на даночните обврзници, а парите ќе си ги добијат назад.

Но, ММФ не се согласува со тој план. Новите кредити би го зголемиле грчкиот долг, а тој треба да биде намален. Според договорениот план, грчките долгови до 2020. година треба да се намалат од сегашните 180, на 120 проценти од БДП.

Игра на време

„Анализите на грчкиот долг на ММФ не се за верување. Тие никогаш нема да спаднат на 120 проценти. Долговите постојано растат, а грчката економија се распаѓа бидејќи ја загуби конкурентноста“, вели економистот Ханс-Вернер Зин, директор на минхенскиот ИФО Институт.

Затоа, шефот на еврозоната Жан Клод Јункер сака да и‘ даде време на Грција до 2022. година, за да го намали долгот. Но, шефицата на ММФ, Кристин Лагард е повторно против.

„ММФ не соработува само со европските земји, туку и со голем број земји во развој. Овие земји многу добро се сеќаваат колку тешки услови им беа задавани од страна на ММФ во минатото, кога и тие се најдоа во неволја. Затоа ним не им се допаѓа попустливиот став кон европските земји. Оттука и тврдиот став на Лагард“, вели Ролф Лангхамер, професор по економија.

Лагард затоа бара од земјите од еврозоната да преземат дел од грчките

Christine Lagarde IWF Internationaler Währungfonds

Кристин Лагард

долгови. Досега само приватните доверители се откажаа од дел од своите долгови. Следниот пат и европските држави ќе мораат да се „поклонат“ пред касата.

На таквата идеја се спротивставува германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле. Германија, и  мнозинството земји од еврозоната, тврдат дека ослободување од долговите е исклучено преку националните законодавства.

„За мене тој аргумент не држи. Затоа што при иницијативите за сиромашните, презадолжени земји, беше спроведено простување на долговите“, вели професорот Лангхамер.

Страв од гласачите

Германскиот министер е одлучно против ослободување од долговите, затоа што тогаш граѓаните ќе можат јасно да видат колку пари ќе ги чини спасувањето на Грција.

„Треба да се концентрираме на други решенија“, вели Шојбле. Затоа тој предлага на Грција да и‘ се дадат нови кредити со уште пониски камати. И тоа ќе ги чини државите многу пари, но Шојбле тоа го премолчува. „Нема да чини толку многу пари“, тврди Шојбле. Стравот на политичарите од избирачите притоа е очигледен.

Повеќе медиуми во меѓувреме јавија дека евроземјите размислуваат да и‘ помогнат на Грција со директни трансфери на пари. Се споменува Европската централна банка каде лежат грчки државни обврзници во вредност од 45

EU Brüssel Ecofin Treffen Finanzminister

Волфганг Шојбле

милијарди евра.

Какво и да биде решението, тоа мора да биде одобрено од ММФ. Инаку следната транша од помошта за Грција не може да биде исплатена. Професорот Лангхамер очекува политички компромис.

„Тие не можат да ја остават Грција да пропадне, и ќе продолжат да играат на картата време“, вели тој.

Уште еден компромис

„Никој не сака да отвора фронтови против сопствените клиенти- без разлика дали станува збор за односот на ММФ кон другите земји, или за односот на државите кои своите граѓани, затоа што тоа носи голем ризик“, вели шефот на ИФО, Ханс Вернер Зин.

Обете страни притоа го игнорираат основниот проблем - падот на конкурентноста на грчката економија. „Грчкото производство мора да поевтини за 30 до 40 проценти за повторно да се врати во форма, и да може да ги враќа долговите. Но, на таа тема не се разговара“, вели Зин.

Имајќи предвид дека конкурентноста не може да се зголеми само преку мерки за штедење, останува само уште едно решение: на Грција треба да и‘ се простат долговите. А потоа, земјата треба да се збогува од еврозоната.